X
 13.07.2016 Образование

Колку заработуваат учителите околу светот во споредба со Македонија?

Колку се платени просветителите за нивната работа? ТЕД прашале учители во државни училишта - од Килдаре до Катманду, Јоханесбург до Осло - да им кажат колку имаат заработено за еден месец (и како го имаат потрошено). Еве ги одговорите:



Квинсленд, Австралија

Кажете ни за вас: - Јас имам 25 години. Предавам на прво одделение, ова ми е втора година да предавам.

Колку пари заработивте минатиот месец? - Мојот приход беше 7.188 австралијански долари за 4 недели (околу 6.640 американски долари).

Дали вашиот приход издржува и некој друг, како дете, партнер или родител? - Не.

Каков е вашиот начин на живеење, и колку потрошивте за куќните трошоци минатиот месец? - Плаќам за станот околу 87 долари и плаќам со мојата плата. Живеам во дуплекс кој го делат со три други учители. Куќата е опремена со мебел, и ми беше даден единечен кревет. Климатизерот не работи, а фрижидерот дефектен.

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - Живеам во загрозено население, и доколку треба да одам на лекар тоа е бесплатно и сите лекови се бесплатни. Едвај трошам 37 долари месечно на лекови и медицински креми.

Што посакувате да можете да си дозволите? - Навистина сакам да купам мотор и куче.

„Работењето како учител има свои предности и недостатоци. За сега, мојот приход е доволен, но сум загрижен дека нема да ми биде доволно да купам куќа во внатрешноста на Брисбен“.

Торонто, Канада

Кажете ни за вас: Имам 32 години. Работам како професор за специјална едукација, на деца од 5то до 8мо одделение. Им предавам на деца со аутизам веќе 7 години.

Колку пари заработивте минатиот месец? - Мојата плата е околу 3.400 канадски долари (околу 3.120$).

Дали вашиот приход издржува и некој друг, како дете, партнер или родител? - Не.

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - 1.400 канадски долари (1.285$) за двособна куќа во убава населба. Ја рентаме од семејство кое ни дава попуст.

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - 0. Живеам во Канада, здравството е бесплатно.

Дали заштедивте пари минатиот месец? - Пробуваме да зачуваме за мали годишни патувања и имаме заштеда во случај ако треба поправка на нашата кола.

Што посакувате да можете да си дозволите? - Се обидувам да не мислам на работи кои ги посакувам, бидејќи не можам да си ги дозволам. Но сум снаодлива и живеам удобно.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Ќе биде доволен откако го отплатам студентскиот долг, и ја стигнам платежната препрека после 10 години предавање.

„Среќна сум со мојот приход и мислам дека заработувам ферски. Не сум задоволна со перцепцијата на луѓето дека во Канада наставниците се високо платени. Не сум сретнала никој кој предава за пари. Не е само за платата, туку треба да ја сакаме работата. Сепак, верувам дека политичарите, медиумите и јавноста смета дека сме високо платени и мрзеливи бидејќи имаме повеќе време за одмори отколку другите професии.“

Лондон, Англија


Кажете ни за вас: Имам 27 години, предавам во 5то одделение. Штотуку дипломирав, откако студирав 5 години.

Колку пари заработивте минатиот месец? - Мојата плата е околу 2.100 фунти (околу 3.540$).

Дали вашиот приход издржува некој друг? - Не.

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - 670 фунти месечно за мојот кревет во двособен стан кој го делам со пријател.

Колку имате потрошено на лекови минатиот месец? - 0.

Што посакувате да можете да си дозволите? - Моментално штедам за одмор во странство да го посетам семејството во Австралија.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Едвај. Се обидувам да отплатам долгови и да го вратам кредитот.

„Понекогаш се прашувам дали вреди стресот кој го вложувам, но потоа некое дете или родител ќе ми каже како јас сум направила разлика и тогаш се има смисла.“

Атина, Грција

Кажете ни за вас: Јас имам 54 години и предавам англиски јазик, моментално сум вработена во ноќно средно училиште во центарот на Атина. Професор сум веќе 33 години.

Колку пари заработивте минатиот месец? - 1.000 евра.

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - Живеам во двособен стан во центарот на Атина, и јас го поседувам овој стан. Трошам околу 200 евра месечно за сметки и греење.

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - Околу 80 евра месечно. Морам да платам 70% од цената со рецепт од докторто и да потрошам околу 20 евра за посета на јавниот здравствен центар за да го земам рецептот.

Дали заштедивте пари минатиот месец? - Заштедив 50 евра.

Што посакувате да можете да си дозволите? - Порано можев да си дозволам патување во странство еднаш годишно, и тоа е нешто што навистина ми недостига. Не купувам алишта освен ако ми се навистина потребни. Тоа е уште еден „луксуз“ што ми недостига.

Дали сметате дека заработувате колку што треба? - Не, се чувствувам фрустрирана поради финансиските политики кои постојат во мојата држава.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Доколку морав да ја издржувам мојата 28 годишна ќерка, би биле на раб на сиромаштија.

„Мене ми беше судено да бидам професор и не би го сменила тоа. Но се чувствувам фрустрирана од страна на финансиската политика во Грција. Успевав да предавам и екстра часови, но рецесијата не стигна. Мојата единствена награда е „Благодарам, госпоѓице“ на крајот на часот.“

Кагошима, Јапонија


Кажете ни за вас: Јас имам 47 години и предавам англиски јазик во средно училиште. Работам веќе 19 години.

Колку пари заработивте минатиот месец? - Откако го отплатам данокот, заработувам 350.000 јапонски јени (3.340$).

Дали вашиот приход издржува и некој друг, како дете, партнер или родител? - Делумно да. Јас и мојот сопруг ја издржуваме нашата ќерка.

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - 75.000 Јапонски јени (740$) за кирија за трособен стан во добра населба.

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - Околу 82.000 јени (810$).

Дали заштедивте пари минатиот месец? - Да. Сакам да купам куќа и да зачувам малку за образованието на мојата ќерка.

Што посакувате да можете да си дозволите? - Ништо.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Да.

„Благодарна сум за мојата работа. Мислам дека заработувам доволно. Но многу сум зафатена, и мислам дека ми треба уште време; време да зборувам со студентите и родителите, време за предавање, и време за дома за да се грижам за моето семество.“

Круонис, Литванија

Кажете ни за вас: Имам 58 години. Предавам англиски јазик во гимназија. Предавам англиски 36 години.

Колку пари заработивте минатиот месец? - Околу 2.200 ЛТЛ (870$).

Дали вашиот приход издржува и некој друг, како дете, партнер или родител? - Да, имам син, кој е студент.

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - Имам куќа со 5 соби. Трошам околу 300 ЛТЛ на данок (118$).

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - Околу 100 ЛТЛ (40$).

Што посакувате да можете да си дозволите? - Ништо.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Да. Мојот буџет е секогаш позитивен.

„Не сметам дека мојот приход е доволен, и би било убаво да заработувам повеќе, но сепак сметајќи колку луѓе заработуваат малку, јас сум задоволна. Си ја сакам работата и не можам да се замислам во друга позиција.“

Прилеп, Македонија

Кажете ни за вас: Имам 26 години, и предавам англиски јазик на 7мо одделение. Вработена сум помалку од една година.

Колку пари заработивте минатиот месец? - Заработив 6.000 денари (133 долари).

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - Живеам со моите родители.

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - Околу 500 денари.

Што посакувате да можете да си дозволите? - Би сакала да можам да си купам свој стан.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Не е доволен, бидејќи сакам да жиивеам сама, не со моето семејство.

„Задоволна сум со мојот приход, но тоа е бидејќи немам семејство кое треба да го издржувам или сметки да плаќам. Повеќе работам административна работа отколку предавање. Понекогаш децата се незадоволни со нашиот пристап но тоа е максимумот кој можам да го исполнам покрај сите административни работи.“

Катманду, Непал

Кажете ни за вас: Имам 28 години. Предавам информатика во државно училиште, од 3то до 8мо одделение.

Колку пари заработивте минатиот месец? - Јас заработив 11.080 НПР (околу 115 долари).

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - Живеам со родителите, така да не морам да плаќам.

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - 3.000 НПР (околу 32 долари) месечно.

Што посакувате да можете да си дозволите? - Сакам апарат на кој ќе можам да читам е-книги или Киндл, ама не можам да си дозволам.

Дали сметате дека заработувате колку што треба? - Не.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Не можам да бидам самостоен. Затоа морам да барам друга работа поврзана со технологии.

„Јас сум среќен но финансиски врзан. Не јадам во ресторани, не можам да си го дозволам тоа. Не барам многу па затоа мојот приход изгледа доволен за сега, но не можам да бидам самостоен.“

Осло, Норвешка

Кажете ни за вас: Имам 45 години, и предавам веќе 7 години математика и наука на 5то одделение се до 8мо одделение.

Колку пари заработивте минатиот месец? -Заработив 26.000 НОК (околу 4.370 долари).

Каков е вашиот начин на живот, и колку потрошивте на куќни трошоци минатиот месец? - Живеам во стан во центарот на Осло. Ратата за кредитот е 7.000 НОК (1175 долари).

Колку потрошивте на лекови минатиот месец? - Тоа е покриено од страна на Владата.

Дали заштедивте пари минатиот месец? - Штедам по 1.000 НОК (168 долари) секој месец. Немам некоја посебна цел.

Дали вашиот приход е доволен за начинот на живот кој го посакувате? - Да. Немам сопруг, ни деца. Имам целосна контрола на мојот финансиски живот.

„Имам една голема фрустрација како професор: Образованието е водено од страна на политичарите кои не разбираат ништо поврзано со образование. Посакувам ние професорите да имаме поагресивно учество во формирање на образовна политика.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование