Истражувањето било спроведено во универзитетот Стенфорд, и притоа се користеле податоци од странци од целиот свет.
По детални анализи е утврдено дека начинот на кој се запознаваат партнерите драстично се менува.
Истражувањето се состои од листа на три најдобри и два најлоши начини на современото запознавање, и резултатите се навистина интересни.
3 Најдобри начини:
1. Онлајн
Кога истражувањето се вршело на хетеросексуални парови, во период од 1940 до 2009 година, онлајн страниците за запознавање луѓе се развивало во најголем погон. Иако со појавата на Тиндер веруваме дека бројките се уште повисоки.
2. Преку заеднички пријатели
Повеќето парови се' уште се запознаваат преку заеднички пријатели но овој тренд драстично менува. Во последните две децении дошло до голем пад на овие бројки, а причината била дека се помалку луѓе сакаат некој да му го местат.
3. Во бар или ресторан
Овој тренд е исто така во пораст, што покажува дека еден од најдобрите начини на запознавање на личноста од вашиот живот, е преку коктел или вкусен оброк.
2 Најлоши начини на запознавање:
1. На работа
Во 90тите ова бил втор најпопуларен начин на запознавање на партнер. Но сега, романсите на работно место не се толку популарни, па затоа љубовните стручници предупредуваат да барате некој вон работното место.
2. На факултет
Шансите за пронаѓање на идеален партнер на факултет се намалуваат и тоа уште од 1940та година. Можеби бидејќи сите се на Тиндер...