X
 29.10.2019 Живот

Германска компанија тестира петчасовен работен ден, но ги забранува мобилните телефони

Една германска компанија воведува петчасовен работен ден, сè додека на вработените не им пречи да се откажат од нивните мобилни телефони.

Консултантската компанија „Реинганс диџитал енејблер“ одлучила да работи само пет часа во денот, овозможувајќи им на вработените пократок работен ден. Ласе Реинганс, извршен директор на компанијата, вели дека се одлучил за пократок работен ден за да поминува повеќе време со своите деца.

Но, за да се осигури дека неговата компанија ќе работи со истата ефикасност во помала временска рамка, тој од вработените бара да ги остават своите мобилни телефони и да ги сведат телефонските разговори на минимум.

Работниците можат да ги проверуваат е-пораките двапати на ден, а состаноците се за 15 минути пократки.

5 casa
Фото: Getty Images


Иако нивната популарност се зголемува, флексибилните опции за работа и понатаму се невообичаени во многу земји во светот. Едно истражување од 2018 година спроведено врз работодавците открило дека само 23 отсто од компаниите нудат флексибилни опции за работа и опција за работа од далечина.

Истражувањата велат дека некои аспекти од петчасовниот работен ден на Реинганс би можеле да ја зголемат продуктивноста, особено затоа што мобилните телефони не се користат толку често колку што се користеле.

Истражување од Универзитетот во Тексас-Остин од 2017 година открило дека доколку субјектите биле во иста соба со паметен телефон, нивната основна интелигенција, меморија и внимание се на минимално ниво.

Луѓето имаат емотивна врска со телефоните, па така може да им одвлекуваат повеќе внимание отколку другите секојдневни предмети.

Освен тоа, истражувањата покажуваат дека доколку работите премногу напорно, може да се соочите со штетни влијанија врз вашето тело. Сахар Јусуф, когнитивен невронаучник, вели дека 22 часа без спиење ги има истите биолошки влијанија како и 0,08 концентрација на алкохол во крвта.

Правењето паузи и одржувањето стабилно ниво на гликоза во крвта ќе ви помогнат во работата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот