Во 1995 година во земјава биле родени 29.886 бебиња, а лани 23.075. Добра вест е што со намалувањето на вкупниот број раѓања во изминатите две децении, намален бројот и на мртвородени бебења
За околу 7.000 е намален бројот на родени деца во Македонија во последните 20 години, покажуваат бројките од Државниот завод за статистика. Во 1995 година во земјава биле родени 29.886 бебиња, а лани 23.075. Добра вест е што со намалувањето на вкупниот број раѓања во изминатите две децении, намален бројот и на мртвородени бебења. Пред 20 години имало 286 такви случаи, додека лани оваа бројка изнесувала 185.
Интересна е анализита на падот на наталитетот во земјава низ годините. Од 1995 година бројката опаѓа, особено во 1997 година кога за околу 2.000 се намалила бројката за разлика од претходната година. Бројот на бебиња продолжува да се намалува се до 2.000 година кога бележи раст за 1.204 дечиња, па пак продолжува да се намалува. Следниот пораст е забележан дури во 2009 и 2010 година, па повторно процентот продлжил да паѓа. По декади, во средината на овој период (во 2005 година) во земјава биле родени 22.482 деца.
Повеќе машки деца
Според податоците за бебињата кои биле родени лани, просечната возраст на мајките е 28.7 години, додека 27 години е просекот на жените кои за прв пат родиле бебе. Вкупно 34,5 отсто на живородени деца се од мајки кои во моментот имале меѓу 25 и 29 години. Најфреквентна генерациска година на раѓање на мајката е 1988 година.
- Во Република Македонија лани се родени вкупно 23 260 деца, од кои живородени се 23 075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца лани, во споредба со
2014 година е намален за 521 дете (2,2 отсто). Лани се родиле повеќе машки деца, 51,8 отсто, односно на 100 живородени женски деца, 107.6 се машки - велат од Државниот завод за статистика.
Лани најмногу се родиле „летни бебиња“. Најмногу раѓања имало во јули и август, 2.176 и 2.032, но и во октомври (2.129). Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.530, односно 11 отсто од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.
Лани 11 бебиња се родиле без стручна помош
Според податоците на Заводот, лани се регистрирани 13 живородени деца од мајки кои имале помалку од 15 години. Меѓу најинтересните податоци е фактот што лани биле родени 11 бебиња надвор од болница или амбуланта, без никаква стручна помош, додека осум бебиња биле родени дома, но со стручна помош. Без стручен надзор се родиле дури три бебиња во општина Чашка, по две во Студеничани и во Боговиње, а по едено бебе без медицинска помош се родило во Шуто Оризари, Желино, Росоман и во Свети Николе.
Надвор од болничка установа, но со стручна помош се породиле по една жена во скопските наслеби Аеродром и Центар, во Дебарца, Долнени и Охрид и дури три жени во Прилеп.
По оппштини, најмногу бебиња лани се родиле во Тетово, Куманово и во Чаир и само во овие општини бројката достигнува четири цифри (1.219, 1.203 и 1.025). Високо котираат и Битола и Аеродром (920 и 906), Гази Баба (801), Прилеп (747).
Во изминатите две децении, најголема смртност кај бебињата имало во 1006 година, кога починале 309 бебиња - 149 машки и 160 женски.