Јапонските власти имаат необичен пристап за решавање на проблемот со падот во наталитетот во земјата. Тие ќе им помагаат на осамените жители да пронајдат љубов со помош на вештачка интелигенција.
Јошихиде Суга, новиот премиер на Јапонија, ќе инвестира 19 милиони долари за развивање вештачка интелигенција која ќе служи како „стројник“ за осамени жители. Ова звучи необично, но властите се надеваат дека алгоритамот ќе биде доволен за да го обнови населението во земјата.
Користењето на вештачката интелигенција за пронаоѓање љубов не е нешто ново. Секоја апликација за запознавање користи некаков алгоритам за подобро спојување на
корисниците. Она што е различно во јапонскиот проект е тоа што зад него стои владата.
Медиумите пренесуваат дека речиси половина од јапонските префектури веќе нудат некакви услуги за запознавање. Во Јапонија се раѓаат просечно 1,36 дете во едно семејство и таа е една од земјите со најнизок наталитет во светот.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com
Насловна фотографија:
Pixabay