Jу Џијанчун никогаш не го гледал филмот „Good Will Hunting“ (Добриот Вил Хантинг), меѓутоа и не мора.
33 годишниот кинески мигрант завршил виша школа, и никогаш не се занимавал со математика. Тој признава дека нема познавања за алгебра и геометрија, а сепак математичарите велат дека овој работник кој работи како курир пронашол ефикасен начин за препознавање на броевите на Карамајкл познати и како псевдопрости броеви.
Овие „непарни“ и „нефреквентни“ броеви можат да поминат некои тестови кои се користат за одредување дали бројот е прост или не (дали е деллив само со еден или со себе). Сепак, тие не поминале.
Карамајкл броевите имаат најмалку три позитивни прости делители. 561, првиот и најмалиот од 15 такви броеви кои ги пронашол Карамајкл во 1910 година, е производ на броевите 3, 11 и 17.
Ју поминал осум години работејќи на формулите на Карамајкл и се обидувал да ги исконтактира професорите по математика преку меил, па дури и лично одел на универзитет барајќи консултации.
Професорот Саи Тинчин од Универзитетот во Жеџијанг бил толку многу импресиониран со неговата работа, што го повикал своите докази да ги изложи на неговото предавање на 13 јуни.
Ју вели дека бил толку нервозен што пишувал погрешни броеви на таблата. Сепак, Саи планира неговите „креативни решенија“ да ги вклучи во неговата најнова книга, а приказната за овој паметен курир му ја раскажал и на Линг Ланфанг, претседател на големата корпорација „Silk Road Holding“.
Импресиониран од необичниот талент на Ју, Линг му понудил на Ју да работи во неговиот оддел за статистика и да му овозможи подобри шанси за развивање на неговата кариера и повеќе време за проширување на неговиот интерес и талент за математика.