X
 22.07.2016 Економија

20 милиони млади ја напуштија источна Европа

Скоро 20 милиони млади и образовани луѓе од источна Европа, цифра која одговара на бројката на жителите на Чешка и Унгарија заедно, ја напуштиле својата земја поради подобри економски прилики во поразвиените земји. Мотивација за заминување биле подобрите работи и повисоки плати, а си заминуваат многу високообразовен кадар -доктори, архитекти, инженери. Поради тоа се намалува економскиот потенцијал на нивната родна земја.


Парите кои им се пратени од странство се потрошени во таа земја но предизвикало и пораст на курсната стапка, а се намалила и продуктивноста. Парите кои им се пратени назад на роднините, донесоа до зголемување на почетните плати и намалување на мотивираноста за работа.

Како резултат на тоа, платите растеле побрзо од продуктивноста, што предизвикало ослабнување на мотивацијата за инвестирање. Членството во ЕУ донело голема корист на источна Европа. Сепак од нивна гледна точка, потребни се подобри институции и економски политики во земјата од кад епотекнуваат, бидејќи тоа би довело да им биде попривлечно да останат отколку да отидат. Исто така би можело да се преговара и додатна либерализација на режимот на имиграција.

Од гледна точка на ЕУ, миграцијата од исток кон запад била корисна за Унијата, но постои аргументација за подобра распределба на добивката.

На пример, големината и составот на фондовите на ЕУ - трансферот од богатите во сиромашните региони на ЕУ - можат да одговорат експлицитно на негативните ефекти на емиграција на економскиот потенцијал на земјата од која доаѓа работната сила.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија