X
 21.06.2017 Наука

Како смртта на животните од Серенгети има позитивно влијание врз еко системите?

Секоја година, 1.3 милиони диви животни чекорат низ Серенгети и опасните патеки кај реката Мара, каде што илјадници од нив подлегнуваат на брзите струи на реката.

Еколозите знаат дека миграцијата на животните, влијае на земјините еко системи. Но, сега за прв пат тие го измериле еколошкиот придонес од масовното давење во Кенијската река. Она што го откриле е зачудувачки пример за животниот круг кој се одржува во природата.

Кога голем број на диви животни започнуваат со годишна миграција низ саваните во Источна Африка, протокот на животни опфаќа околу 200 илјади зебри и антилопи. Од оние кои паѓаат во реката Мара, се случува дел од нив да се изедени од крокодили.

Еколозите се прашувале за големата количина на биомаса која се создава од овие давења. Откриле дека во просек, 6.200 животни се дават секоја година, создавајќе 1.100 тони биомаса. Со тоа се ослободува азот, фосфор и јаглерод за речната хранлива мрежа. Користеле камери за да ги следат состојките од удавените животни кои се спуштаат до подводниот синџир на исхрана. Резултатот е дека секое масовно давење претставува масивен благодет за локалниот речен еко систем, хранејќи ги сите во реката, бидејќи само 2 проценти од животните се изедени од страна на крокодили. Од оние кои умираат на почва, само 9 проценти од нив се изедени од мршојадци. Но, труповите кои се во изобилство се во голем дел важни за исхраната на рибите. Коските пак, од изедените животни, испуштаат состојки во водата, продолжувајќи да го хранат еко системот во наредните години.

Се заклучува дека придобивката која ја има еко системот секоја година е далеку поголема од самата загуба на животните, сметаат експертите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука