Слика од Леонардо да Винчи е продадена на аукција за 450,3 милиони долари, па така стана најскапата слика на светот.
На крајот од лицитацијата што во четвртокот се одржа во њујоршката куќа „Кристис“, сликата „
Salvator Mundi“ (Спасител на светот), последното дело на Леонардо во приватна колекција, далеку го надмина претходниот рекордер, Пикасовата „Жена од Алжир“ (верзија нула) која во 2015 година беше предадена за 179,4 милиони долари.
Маслото на платно го прикажува Исус како држи кристална кугла.
Аукциската куќа ја процени оваа слика, со димензии 65 на 45 сантиметри, на 100 милиони долари. Сликата „Salvator Mundi“ во 1958 година била купена за 45 фунти, многу пред да биде признаена како неспорно дело на Леонардо во 2005 година.
Наддавањето почнало од 70 милиони долари и ценатa била подигната 53 пати до 400 милиони, односно до 450,3 со сите дополнителни трошоци. Сликата досега била во сопственост на рускиот милијардер Дмитриј Риболовљев, олигарх и сопственик на фудбалскиот клуб „Монако“.
Тој за 127,5 милиони долари ја купил од швајцарскиот трговец со уметнички дела Иво Бувие, кој самиот ја платил 80 милиони.
Оттогаш Бувие и Риболовљев се во судски спор, рускиот милијардер го обвинува Бувие за измама.