За првпат досега, научниците се решиле да одговорат на прашањето: Како луѓето стануваат нарцисоидни?Тие анкетирале 565 деца на возраст од 7 до 11 и нивните родители - 415 мајки и 290 татковци.
Резултатите се прилично јасни: Родителите кои ги „преценуваат“ своите деца за време на развојот, кажувајќи им дека се супериорни пред останатите и кои добиваат специјален третман, почесто имаат нарцисоидни деца кои подоцна растат и стануваат нарцисоидни возрасни.
„Кога децата се гледани од страна на родителите како специјални и добиваат повеќе од останатите, тие започнуваат да се убедуваат дека се супериорни, поглед кој е основа на нарцисоидноста“, велат истражувачите.
Од друга страна, кога родителите ги третираат своите деца со љубов и почит, децата учат дека се вредни, што е основа на самодовербата.
Една психоаналитичка теорија предложува дека нарцисоидните деца се оние кои добивале премалку топлина од страна на родителите.
Според друга теорија, пак, децата учат од своите родители, па така учат да бидат нарцисоидни од своите родители кои им кажуваат дека се специјални.
Истражувачите во новото истражување
откриле и дека родителите кои им даваат топлина и љубов на родителите без да им кажуваат дека се супериорни имаат деца со солидна самодоверба, но без нарцисоидни карактеристики.