Често луѓето сметаат дека е невозможно да се одржува здравиот начин на живот и во канцеларијата, освен ако компанијата во која работите има посебна политика во овој поглед.
Во прилог ви нудиме неколку брзи и едноставни начини како да го одржувате телото, умот и духот силни на просечно работно место:
1. Чувајте си здрава ужина во близина: секогаш имајте јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници) близу до компјутерот.
2.
Понесете си ручек од дома: ако си подготвите сендвич дома имате контрола што тој ќе содржи и ќе ставите намирници по ваш избор. Ова е во прилог на вашето здравје и паричникот.
3.
Дружете се со луѓе што се хранат здраво: вака ќе си помогнете полесно да ги искористите нездравите навики.
4.
Станувајте и истегнувајте се почесто: практикувајте барем 30 минути во работниот ден да поминете стоејќи. Притоа, пронајдете вежби што може да ги практикувате и додека седите на работната маса.
5.
Практикувајте здрави навики на компјутерот: да се гледа во компјутерот цел ден е истоштувачки и за очите, вратот, грбот и главата. Правете неколку минутни паузи од екранот почесто.
6.
Користете ги скалите: ако немате време во текот на денот за вежбање, обидете се почесто да користите скали наместо лифт.
7.
Ако имате можност работете на отворено: затворена просторија полна со светла и екрани од компјутери не е најприродната локација. Ако имате можност појдете со лап топот на отворено.
8.
Одвојте време за себе: не можете да работите постојано. Затоа одвојте неколку минути време само за себе резервирано за социјални медиуми, кафе пауза или разговор со колега.
9.
Пијте многу вода: водата е од суштинска важност за здраво функционирање на телото. Може да се мотивирате со некое интересно шише или чаша за вода.
10.
Купете си играчка за ослободување од стрес: ваквите предмети моментално ви го намалат стресот колку да звучи смешно.
11.
Почнете традиција за раздвижување во канцеларијата: можете со колегите да практикувате 10-минутно одење во околината, или да имате пауза за чај.
12.
Почесто гледајте низ прозорците: науката вели дека гледањето во дрвја и природа ослободува од стрес.
13.
Заменете го второто, третото или четвртото кафе со бескофеински чај.
14.
Намалете ја музиката: ако слушате музика додека работите одберете таква што делува смирувачки и намалете го волуменот.
15. Дишете: најдете време во денот да застанете, да ги тргнете мислите од работата и да дишете подлабоко.
Изберете неколку здрави навики од предложените и практикувајте ги. Ќе бидете поенергични и загарантирано ќе се чувствувате поздраво.