X
 29.07.2016 Култура

Работи поврзани со Ангела Меркел за кои малкумина знаат

Ако Ангела Меркел е повторно избрана на 22 септември, таа ќе стане канцеларка со најдолг стаж во Европа, со што ќе ја засени и Маргарет Тачер. Оваа жена и нејзиниот пат до политиката останува вистинска мистерија.

 

меркел


Не само што успеала да ги победи сите машки натпреварувачи во нејзината партија, таа и го совладала германскиот политички систем, се борела против две партии во коалициските власти и се чини дека станува се' посилна во Европа. Но, позади оваа жена лежат тајни кои малкумина ги знаат.

Нејзиното полско потекло

Ангела Меркел е една четвртина Полјакиња. Не само што нејзиниот дедо имал полско потекло, туку таа за малку ќе била Казмиерцак, наместо Меркел. Нејзиниот дедо бил Лудвиг Казмиерцак, роден во 1896 година во Познан - тогаш дел од германскиот рајх. Семејството било гордо на своите полски корени. Но, не и дедо Лудвиг кој емигрирал во Берлин, кога Познан повторно му припаднал на Полска после Првата светска војна. Тој се оженил со Берлинка и имале син - Хорст Казмиерцак, таткото на Ангела. Семејството се одлучило да ги поништи полските корени во раните 30-ти. Тие го германизирале презимето и го претвориле во Каснер. Таткото и синот преминале од католицизам во протестантската црква - Меркел ова не го знаела до неодамна. Ова било збунувачко откритие за една жена која пораснала во парохијата и чиј протестантизам е клучот за откривање на нејзината личност. Кога нејзиното полско потекло станало јавно, нејзиниот втор братучед ја поканил на вечера.

Страста кон готвењето


Во почетоците од нејзиниот јавен живот, Меркел сакала да се фали за нејзиното готвење. И навистина, голем број луѓе ја фалат нејзината супа од компири, нејзиното говедско, и особено нејзината торта од сливи. Тортата станала мерка за тоа колку таа можела да се посвети на приватниот живот и нејзиниот сопруг. Тој ја обожавал тортата.

Меркел и Путин

Меркел и Путин имаат заедничко минато многу порано отколку што мислите. Тој бил агент на КГБ (Комитетот за државна безбедност на Русија) во Источна Германија после паѓањето на ѕидот и тој не бил среќен во врска со тоа. Можеби ривалството има корени во темните сенки на студената војна. Меркел, најголемиот придонесувач на 89-револуцијата, многу рано ја почувствува таа застрашувачка тактика. Кога го посети Кремљ за прв пат како канцеларка, Путин ѝ подари плишано куче. Меркел има страв од кучиња откако била касната во текот на 90-тите. Но, Путин не застанал таму. На следната средба, во неговата летна резиденција на брегот на Црното Море, тој го пуштил во просторијата неговиот црн лабрадор - и случката била фотографирана; Меркел стои како замрзната, а Путин со иронична насмевка.

Меркел и западниот систем


После средбата со Меркел, премиерот на една мала југоисточна европска земја, изјавил дека канцеларката гледа сличности помеѓу Еврпа и античките Инки. Европскиот систем на вредности исто може да исчезне како Инките - без трага. Меркел често пати ја искажува грижата за силата на западниот систем. Демократијата, слободната пазарна економија, западниот правен систем се борат со модерната верзија на студената војна против авторитарните, не-демократски и економски силни системи. Меркел била сведок на уривање на ваква состојба во нејзиниот живот, па сака да го поштеди западот од ваквата судбина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура