Како Меркел ќе ги поминува пензионерските денови, по 16 години на чело на земјата и 30 години поминати во парламентот?
За време на официјалната посета на Вашингтон во јули, новинарите ја прашаа канцеларката како ја замислува пензијата. Таа истакна дека прво ќе направи пауза и нема да прифати никакви повици. Посочи дека во слободно време сака да размисли што навистина ја интересира.
- Потоа можеби ќе се обидам да прочитам нешто, а потоа очите ќе почнат да ми се затвораат бидејќи ќе бидам уморна, па ќе заспијам - рече таа.
Ангела Меркел, која наполни 67 години на 17 јули, не треба да се грижи за финансиите. Канцеларката моментално заработува 25.000 евра месечно, а дополнително добива и 10.000 евра бидејќи е пратеник во Бундестагот. Таа работа ја работи повеќе од 30 години.
Кога ќе престане да работи, Меркел уште три месеци ќе добива цела плата, а во наредните 20 месеци ќе добива половина. По тој период надлежните служби ќе ги земат предвид нејзините различни активности, на пример, канцеларка, поранешна министерка, пратеничка.
По најмалку четири години на функцијата, канцеларите имаат право на 27,4 отсто од нивната претходна плата, и со секој нареден мандат таа сума расте до максимум 71,75 отсто. Нејзината долга кариера во политиката треба да ѝ обезбеди одлична пензија од 15.000 евра месечно.
Освен тоа, до крајот на животот има право на лично обезбедување и службен автомобил со возач. Има право на канцеларија во просториите на Бундестагот во Берлин, вклучувајќи ги и раководството на канцеларијата, двајца советници и секретар.
Не е исклучена друга кариера
Поранешните владини претставници се обврзани со закон да ја чуваат доверливоста. Но, иако не им е дозволено да откриваат тајни, тие сепак се популарни во светот на бизнисот како консултанти. Неколкумина претходници на Ангела Меркел се насочија на приватниот сектор.
Извор:
Deutsche Welle
Фото:
Wikipedia