X
 03.08.2016 Образование

Воспитувачка во градинка: Што ако родителите ги пријавиме во социјалните служби?

Неодамна, низ српските медиуми започна да кружи веста за шестгодишното момче кое претрпело насилство од неговата воспитувачка во градинката „Облачак“ во Белград.

 

дете


Оваа вест ја погоди друга воспитувачка која се одлучила преку Фејсбук да ѝ се обрати на јавноста и да ја одбрани својата професија, бидејќи не е прв пат родителите да ги обвинуваат воспитувачките.

Нејзиното писмо ви го пренесуваме во целост:

„Воспитувачка му удрила шамар на дете. Денешниот наслов во медиумите. Ова веројатно ќе биде мојот најдолг статус, но би ми значело доколку го прочитате.

Одамна го имам надминато моментот без никаква претходна проверка да си ја одбранам професијата. Не. Како и во секоја работа и нас не' има секакви. Како приправник често пати менував и градинки и групи, па дури и општини. Работев со секакви воспитувачки. И никогаш не сум видела некој физички да го казнува детето, ниту пак нешто слично.

Е сега, постои една (всушност повеќе) неверојатни нешта. Кога ќе се случи нешто на релација воспитувач-дете, моите колеги се распнуваат и горат на клада, а потоа следува хоророт во вид на коментари. Што се случи со онаа несреќна жена обвинета за педофилија? Не знаете? На крајот излезе дека детето измислило се' - и ништо чудно со оглед на бујната фантазија во тој период од животот, и од друга страна црната хроника, фармите, паровите и слично што ние возрасните гледаме пред нив. Дали семејството, институцијата или градинката излезе да ѝ се извини на жената? Не. Бидејќи тоа не е сензационализам. Тоа што ја обележиле за цел живот, никому ништо.

За жал ова не е изолиран случај. Вакви случаи има колку да сакате.

Дали знаете што би се случило кога ние воспитувачите би започнале да се јавуваме во центрите за социјална работа и да ја пријавиме секоја мајка која и во јули и во август го носи своето дете во градинка, а е невработена. Па да пријавиме дека детето доаѓа во истите гаќички 7 дена на +40°, па да пријавиме дека често забораваат да дојдат да си го земат детето. Па да поднесеме лична тужба кога детето ќе го донесат удрено, ќе ја обвинат воспитувачката и ќе бараат надомест на штета. Да. Да. Верувале или не.

Па да ги пријавиме кога своето дете не го носи на логопед кое на пет години не знае да каже ниту половина од азбуката, кога не ги носат на доктор и ги носат болни во градинка, а тие си седат дома. Дали знаете дека злоупотребата и запоставувањето спаѓаат во истата категорија?

Занемарувањето може да биде хигиенско, здравствено, емоционално... Ова можеби и не е некој аргумент, но за да работите како воспитувачка мора да имате најмалку висока школа, и морате да поминете тест за интелигенција, личност и општа култура.

Исто така кога добивате постојан работен однос, директорот од вашиот раководител бара мислење за вас. Од друга страна, за некој да стане родител потребно е да ги исполнува „само“ биолошките услови. А зборот на родителот е седум пати посилен од зборот на воспитувачот. Нешто за кое ние воспитувачите во голема мера сме виновни. Ова е малку на оваа тема што јас би имала да кажам... И со задоволство би се пресметала со секој кој има нешто да замери... повелете“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование