30 годишниот Никола Чуљиќ го воодушеви светот со неговите неверојатни цртежи кои изгледаат како да се тродимензионални.
Чуљиќ објави дел од неговите цртежи на познатата веб страна Bored Panda каде открива дека е самоук и дека три години се занимава со цртање.
„Започнав со портрети, и ми беше навистина тешко... затоа одлучив да започнам да цртам нешто сосема различно“, пишува уметникот.
Може да се каже дека успеал во замислата, експериментирајќи со перспективата и совладувајќи ја 3D оптичката илузија.
Иако веројатно голем број на луѓе сакаат да купат дел од неговите дела, Никола вели дека не се на продажба. Неговата цел е своето име да го претвори во „3D бренд“.
Иако магионичарот никогаш не открива како ги изведува своите трикови, уметниците со задоволство ги споделуваат со другите.