X
 01.08.2022 Забава

Патувал 30 часа од Србија до Турција со „Застава 101“

Момче од Лесковац, Србија со „Застава 101“ патувал 30 часа до Кушадаси во Турција. Момчето станало познато на „Тик-ток“ токму поради неговата љубов кон стариот автомобил. Тој покажал дека дури и овој стар автомобил може да служи како превозно средство на долги релации доколку се одржува.

Пред Кушадаси, тој со автомобилот патувал до Улцињ и Паралија. Меѓутоа, патувањето до Турција во најтоплиот месец во годината бил вистински тест за автомобилот.

- Отидовме во Азија, со стоеденот. Околу 30 часа возев, значи не застанавме. Поместуваме граници - изјавило момчето, кое на „Тик-ток“ е познато како Алексиќ мото.

@aleksicmoto rip ledja #aleksicmoto #fyp #fy ♬ original sound - Aleksić


Извор: Klix
Насловна фотографија: Tik-tok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава