Од европските земји, најмногу Финска, со 94% од луѓето, ѝ верува на полицијата.
Податоците, земени од веб страната на Европската комисија и други истражувања, покажува дека Скандинавските земји имаат најголема доверба во своите полицајци од сите европски земји.
Во меѓувреме, земјите од Источна Европа имаат полоши резултати, со што само 24.6% од граѓаните во Белорусија им веруваат на полицајците. Во Македонија пак, само 48% од граѓаните им веруваат на полицајците.
Oва се европските земји кои најмногу им веруваат на своите полициски сили:
1. Финска - 94%
2. Данска - 91%
3. Норвешка - 87%
4. Швајцарија - 87%
5. Шведска - 84%
6. Луксембург - 81%
7. Франција - 81%
8. Австрија - 81%
9. Естонија - 80%
10. Велика Британија - 79%