Кортни Дејвис е 19 годишната девојка од Монмаут, Англија која стана милионерка откако освоила премија на лотото Euromillions.
Нејзината мајка, очув, сестра, и момчето на сестра ѝ како и самата Кортни ја поделиле наградата од 61 милион фунти (72 милиони евра) - така секој доби по 14 милиони евра.
Семејството Дејвис потоа отпатувало на луксузен одмор во хотел со пет ѕвезди на непозната локација, а Кортни одлучила на сред летување да го напушти хотелскиот комплекс за да спие во шатор. Сакала да го исполни ветувањето кое им го дала на пријателите и со нив да оди на фестивалот кој се одржувал во Винчестер.
„Кортни планира сама да оди на фестивалот. Обожава вакви случувања. Парите не можеа да одат кај пофино семејство; сите се трудат да не се променат и покрај милионите. Најтешко ѝ падна што мораше да ги избриши профилите на социјалните мрежи“, вели еден од нејзините пријатели.
Како се одлучиле да играат лото? Мајката на Кортни, Соња тој период добила одлични вести - успеала да го победи ракот на грлото. Таа сметала дека сега е моментот да уплатат лото. Лотото било добитно па сега сите размислуваат што да прават со парите.