X
 12.08.2016 Наука

Која е најопасната ѕвезда во универзумот?

Речиси целиот универзум е ужасно и непријателски настроено место, освен мал дел од една воглавно безопасна планета во аголот на Млечниот Пат.

 

1


Додека животот на Земјата во просек трае 80 години, постојат други места во универзумот кои се наоѓаат на другиот крај кои ќе ве убијат во дел од секундата. А не постои ништо повеќе смртоносно од суперновите и остатоците кои ги оставаат позади себе: неутронските ѕвезди.

Како што знаете, неутронските ѕвезди се формираат кога експлодираат во супернова ѕвездите помасивни од нашето сонце. Кога овие ѕвезди умираат тие повеќе го немаат лесниот притисок кој ги турка и со кој се спротиставуваат на масивната гравитација која ги влече нагоре.

Оваа огромна внатрешна сила е толку силна што ја надминува одбивната сила која го спречува судирањето на атомите. Протоните и електроните се принудени во ист простор со што стануваат неутрони. Целото нешто е создадено од неутрони.

Кога нетуронските ѕвезди се формираат, една на десет прави нешто навистина чудно, станува еден од најмистериозните и страшни објекти во универзумот - таа станува магнетар. Веројатно сте слушнале за ова име, но што се магнетарите?

Магнетарите се неутронски ѕвезди формирани од супернови. Како што се формираат се случува нешто необично кое го врти нивното магнетно поле до интензивно ниво. Всушност, астрономите не се сосема сигурни што се случува што ги прави толку силни.

Една идеја објаснува дека ако при вртењето, температурата и магнетното поле на неутронските ѕвезди се најдат на совршено место, таа создава динамичен механизам со кој го засилува магнетното поле со фактор од илјада.

Астрономите открија непријателски магнетар на еден излез од Млечниот Пат. Тие се исфрлени кога една ѕвезда во бинарниот систем експлодира како супернова. Со други зборови, овој магнетар бил дел од бинарниот пар.

И додека двете ѕвезди биле парови, тие орбитирале една со друга поблиску отколку што Земјата орбитира околу сонцето. Со оваа близина, тие можеле да си префрлат материјал. Поголемата ѕвезда прва започнала да умира, пренесувајќи ѝ материјал на помалата ѕвезда. Со ова се зголемила масата на помалата ѕвезда до тој степен што таа пораснала се' поголема и поголема.

Првично помалата ѕвезда експлодирала како супернова, отфрлувајќи ја другата ѕвезда од патеката. Потоа експлодирала и втората, но наместо да се формира во редовна неутронска ѕвезда, таа се претворила во магнетар.

Силата на магнетното поле околу магнетарот е огромна. Што ако се обидеме да се доближиме до магнетарот? На околу 1.000 километри оддалеченост од магнетарот, магнетното поле е толку силно што си поигрува со електроните во нашите атоми со што буквално би биле растргнати на атомско ниво.  

 

2


Еден од најфасцинантните аспекти на магнетарите е тоа што можат да имаат ѕвездотреси (како земјотреси но не се случуваат на земјата туку на ѕвездите). Кога се формираат неутронските ѕвезди, нивната кора може да се уништи од надвор. Кората на неутроните може да попушти, како тектонските плочи на Земјата. Со тоа, магнетарот ослободува експлозија со радијација.

Всушност, најмоќниот ѕвездотрес бил снимен од магнетарот наречен SGR 1806-20, кој се наоѓа 50.000 светлосни години оддалечен. Во една десетина од секундата, еден од овие ѕвездотреси ослободил повеќе енергија од колку што сонцето произведува за 100.000 години. 

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука