X
 01.04.2022 Живот

Од над 11.000 кандидати за полицајци во Косово, само илјада го положиле тестот со прашања како за основно и средно

Косовската полиција неодамна спроведе писмен приемен испит за кандидатите за нови полицајци. Директорот на косовската полиција, Самедин Мехмети, денеска соопшти детали и тие не ѝ се допаднаа на јавноста. Имено, тој соопшти дека за изготвување на апликацијата биле консултирани професори од Факултетот за образование и дека конкурсот бил за тестирање на општите познавања со прашања кои главно се учат во основно или средно. На конкурсот се пријавиле 11.516 кандидати, а 8.000 биле тестирани, но само илјада положиле, пренесуваат косовските медиуми.

Потоа се појавиле жалби дека имало тешки прашања, но и поради фактот дека тестот бил онлајн и кандидатите имале тешкотии.

- По затворањето на конкурсот беше основана комисија за надгледување на процесот. За прашањата по математика и албански јазик се консултираа професори од Факултетот за образование, а за општите полицијата основа работна група за прашањата да бидат едноставни и општи, да не се бараат академски знаења, туку прашања кои главно се учат во основно или средно. За овој писмен тест беа напишани 6 илјади прашања. Тестот се состоеше од сто, а времето за решавање беше два и пол часа - објасни Мехмети.

Тој додаде дека во 2014 година биле поканети 19.550 кандидати, од кои 2.881 положиле, а 15.000 паднале. Во 2018 година бројот на кандидати бил 16.705, од нив 3.847 положиле, а 9.000 паднале. Во 2021 година аплицирале 11.291, од кои 1.447 положиле.

Извор: Telegrafi
Насловна фотографија: kosovopolice.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот