X
 16.08.2016 Живот

Вистинската љубов нема граница

И после 50 години брак, 92 годишниот Харви Восика се'уште е романтичен. Погледнете што тој направи на забавата по повод 50 годишнина од бракот, за неговата сопруга Милдред во нивниот град Њукирк, Оклахома.

 

stari

 

Харви клекнал на едно колено, ги држел рацете на Милдред и ја испеал песната од Бинг Крозби, „Let Me Call You Sweetheart", која ја завршил со негов текст. Пред да започне со своето изненадување Харви ѝ го дал мобилниот телефон на неговата ќерка и ја замолил да снима. Но неговата внука Лиса Еперли била таа што го споделила видеото со „СNN“. Еперли објаснува дека секој од присутните 150 гости заплакал, а нејзината баба извикала: „Тој е секогаш полн со изненадувања“.

 

92 годишниот Харви и 90 годишната Милдред имаат 11 деца, 35 внуци, 29 правнуци и 3 пра пра правнуци. Харви и Милдред се запознале во 1960 година, додека Милдред работела во кафе барот на нејзиниот брат. Стапиле во брак на 5 август 1966 година. Еперли вели дека тајната на нејзината баба за долг и среќен брак се состои од љубов и разбирање.

 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот