X
 15.07.2016 Образование

Неверојатниот начин на кој 5 минутната пауза може да влијае врз учењето

Се сеќавате како беше кога бевте деца и кога се обидувате да бидете мирни на часовите?

Можеби не се наспавте доволно претходната вечер. Се разбудивте подоцна, набрзина појадувавте и брзавте за на училиште. За време на часовите се обидувавте да останете тивки и мирни, меѓутоа иако сакавте да учите, вашата екстра енергија не ви дозволуваше да останете фокусирани. Звучи познато, нели?

Училниците се неверојатни места за учење каде децата откриваат повеќе за светот, учат за социјалните вештини и го негуваат доживотното чувство на љубопитност. Меѓутоа исто така, училниците се места во кои има клупи, столчиња и многу седење - нешто што не е добро за возрасните, а уште повеќе за децата.

Со лесниот пристап до мобилните телефони, видео игрите и стриминг видеата - да не ги споменуваме полните распореди на родителите - децата денес поминуваат повеќе време во седење, отколку што некогаш поминувале. И ова не се добри вести.

Центрите за контрола на болести и превенција препорачуваат дека децата треба да имаат физичка активност која ќе трае 60 минути, меѓутоа истражувањата покажуваат дека повеќето деца имаат физичка активност помалку од 20 минути. Премногу седење може да придонесе за ниската самодоверба, емоционалните испади па дури и силеџиство, бидејќи децата се обидуваат да пронајдат начини да се ослободат од нивната енергија, анксиозност и стрес.

Ако сакаме да им помогнеме на децата да пораснат и да бидат најдоброто од себеси, тие треба да можат да се движат и да играат и во текот на училишните денови - да трчаат, танцуваат и да се шегуваат со пријателите.

Како наставниците и родителите да ги натераат децата да се движат повеќе? Одговорот е едноставен - 5 минутна пауза за мозокот.

Овие паузи се создадени од „GoNoodle“ - онлајн видео услуга за наставници и родители кои бараат забавни начини преку кои ќе ги натераат децата да се движат. На оваа веб страна постои огромна библиотека со видеа - од јога до танцувања и вежби за дишење; сите дизајнирани за да им помогнат на децата да се ослободат од екстра енергијата и повторно да се фокусираат и да учат.

Голем број истражувања покажуваат дека постои поврзаност помеѓу физичката активност и остар ум. Истражување покажало дека поздравите деца имаат подобро развиен хипокампус - делот од мозокот одговорен за долгорочната меморија. Истражувањето на една компанија која ги споредувала стандардизираните математички тестови на две групи ученици покажа дека оние кои учествувале во „паузата за мозокот“ имале 50% повисоки резултати од оние кои не учествувале.

Училниците не се секогаш забавни места за сите деца. Со тоа што училниците ќе бидат позабавни за децата, ќе се подобрат и нивните животи на вистински, значаен начин. Затоа, промовирајте ја 5 минутната пауза за мозокот.

 

#tbt to this Cheerleader dance party at Julia Green Elementary! 📚 Have a happy day, GoNoodlers!

A video posted by GoNoodle (@gonoodle) on

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование