X
 31.05.2024 Живот

КРКА ја презентира мобилната апликација Флеби - бесплатно дигитално решение за здрави вени и навики

Преземете ја мобилната апликација Флеби. Достапна е на македонски јазик, а ќе добиете бесплатни совети за вашите вени, за спречување на прогресијата на хроничната венска болест, за справување со хемороиди, но и други насоки за здрав и балансиран живот.

Мобилната апликација Флеби е веќе достапна на App Store и Google Play. Сега сите засегнати лица можат едноставно и бесплатно да ја преземат и да добијат персонализиран и практичен водич за здрав, балансиран начин на живот.

Станува збор за мобилна апликација развиена од фармацевтската компанија КРКА, со поддршка на докторите и на вештачката интелигенција.



За ова ново, дигитално решение кое е достапно и на нашиот пазар, денеска КРКА организира промотивен настан, кој обедини околу 300 фармацевти, доктори и здравствени работници. На настанот, присутните имаа можност да се информираат за сите придобивки од користењето на оваа мобилна апликација.
Во рамките на овој настан беше одржана и панел-дискусија на која беа споделени повеќе стручни совети од страна на доктори и специјалисти во врска со хроничната венска болест, симптомите и решенијата.



Исто така, присутните гости имаа можност да уживаат во здравите рецепти подготвени од страна на нутриционистот Ана Марија Кузмановска. Дел од настанот беше посветен и на важноста од одржувањето здрав живот и здрави навики, при што персоналниот тренер Марина Горњивска и нејзиниот тим одвоија време да демонстрираат дел од вежбите за подобрување на циркулацијата и зацврстување на мускулите на нозете.



- Примарно, апликацијата Флеби помага за одржување на здравјето на вените и спречување на прогресијата на хроничната венска болест. Но, во рамките на апликацијата можат да се видат и повеќе практични вежби за здрави нозе, статии за справување со хемороиди, како и да се прочитаат совети за здрава и балансирана исхрана. Среќни сме што како КРКА го направивме овој исчекор и на уште еден начин покажуваме грижа за сите наши пациенти, за сите граѓани - истакна Милена Ѓошевска, фармацевтка и сениор бренд-менаџер во КРКА – Скопје.



Оваа година КРКА одбележува и 70 години од своето постоење. Под мотото „70 години – Живееме здрав живот“, оваа фармацевтска компанија ја истакнува својата заложба и идеја за создавање поздрава и посреќна заедница.

Повеќе информации за мобилната апликација Флеби можете да добиете на овој линк.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот