X
 19.08.2016 Култура

Вознемирувачки цртеж што го прикажува изборот на сириските деца

Изборот на сириските дечиња

Фотографијата од петгодишното дете од Сирија кое е сè уште во шок откако беше извлечено од урнатините после воздушниот напад на руските бомбардери, го привлече вниманието на светските медиуми во четвртокот.

Омран Дакнеш го спаси волонтер на Белите шлемови (White helmets) во Алепо и веднаш беше згрижен во болница. Потресна е глетката на детенце обвиено во сопствената крв, со огромна рана на главата и речиси изгубено од шок.



Неговите родители се пронајдени живи, а семејството е повторно заедно. Сиријци велат дека Омран може да им биде нов амбасадор, доколку постои волја да се стави крај на разорната петгодишна војна.



Уметниците, пак, со вознемирувачка фотографија се обидуваат да ја наметнат приказната за Омран како доволна причина моќните светски сили да го запрат крвопролевањето во Сирија.



Целиот живот на Омран е обземен од војната и токму тоа сака да го потенцира суданскиот карикатурист Халид Албаих, дека сириските деца, практично, немаат голем избор во животот. Петгодишниот Омран беше извлечен од урнатините во Источен Алепо, а претходно тригодишниот Алан Курди се удави во Медитеранот. Сириската војна однесе 400.000 жртви, а 11 милиони ги избрка од сопствените домови.
Подготвил: Б.Б.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура