Зошто ја трошиме нашата ценета околина и нејзините ресурси создавајќи милиони пластички шишенца за шампон, регенератори, купки и други секојдневни козметички производи, кога 90% од содржината на овие продукти е вода? Токму затоа Бриен Вест сакала да пронајде нешто радикално ново и поинакво и еко-разумно. Тоа било нејзината линија од продукти наречени Етик.
Етик ја оттргнуваат водата од традиционалните козметички продукти, и произведува тврди коцки, кои се многу поконцентрирани и преносни, подолго траат и подобро за околината. Не само тоа, Етик ги пакува коцките во разгранлива хартија и картон, наместо пластика. Досега, тие ја имаат спасено планетата од 60.000 шишенца, односно еден тон пластика. Нивната цел се милион шишенца до 2020 година.
Етик е единствената компанија во светот која е целосно посветена на производство на тврди коцки наместо течни козметички производи. Самата Бриен, која има учено
биохемиски науки, сама ги формулира продуктите на страната на Етик компаниската лабораторија, која е карбонски неутрална. Таа има тим од шест вработени кои ги прават, ги пакуваат и ги праќаат овие разгранливи добра околу светот.