Доминика Бакаларз е 18-годишна девојка од Полска, која иако само што го започнала универзитетското образование, веќе има започнато големи проекти кои ќе ја сменат историјата на медицината со биоимплантите за зараснување на коска.
Околу 50% од жените и 25% од мажите доживуваат коскена фракција во нивниот живот. Но доколку некој страда од остеопороза, нивното заздравување е малку потешко. Бакаларз го има создадено Оригами Био-завојот - имплант кој ќе им помогне на коските да зараснат побрзо и полесно.
Најголемо влијание на Доминика и на нејзиниот успех е Јоана Јурек - биолог кој заедно со неа го имаат развиено овој патент. Доминика вели дека е подобро да се работи во тим, да имате некој кој ќе ве мотивира и ќе ве поттурне кога ќе ви биде потребно.
За тестирање на продуктот, користеле средина каде продуктите не се користат на живи клетки.
Експериментите, вели таа, се доста скапи и требаат посебни дозволи, додека на компјутер можете да правите што ќе посакате.
„Сакаме крајниот продукт да биде наједноставен. Решивме да се фокусираме на остеопороза, каде фракциите се најтешки за оздравување. Но имплантот може да се користи и во не толку екстремни случаи.“
Двете девојки сакаат да го продолжат овој
проект заедно, отколку да го предадат на некој трет. Засега работаат на собирање болници за фазата на клинички тестирања.
Бакаларз смета дека успехот на било кој проект е константното учење на нови работи и дека учењето не е само со читање книга туку и со зборење со луѓето и споделување на искуства.