X
 25.08.2016 Живот

Двојните стандарди за тоа што жените треба да носат

Светот беше шокиран од фотографиите кои оваа недела започнаа да кружат на интернет, а кои покажуваат како вооружен полицаец принудува жена да ја соблече нејзината бурка на плажа во јужниот дел на Франција.

 

стандард


Овој потег доаѓа откако неколку градови во земјата забранија капење со бурки кои го покриваат целото тело, тврдејќи дека овој закон на жените ќе им помогне да се ослободат од обесправувачките верски кодови на облекување како и подобра интеграција во општеството.

Францускиот премиер Мануел Валс вели дека костимот за капење кој го носат некои муслиманки не е соодветен со француските вредности и се базира на „поробување на жената“.

Голем дел од јавноста започна да реагира поради забраната, а нив им се приклучија и голем број групи за човекови права кои велат дека државата им кажува на своите граѓани што да носат во јавност.

Како што фотографиите го заобиколија интернетот, така некои корисници на интернет успеале да пронајдат фотографија од 1925 година, на која полицаец ја мери должината на костимот за капење на една жена за да се осигура дека костимот е во согласност со прописите воведени од цензорите на плажата.

Во тоа време полицијата им кажувала на жените да се покријат, а денешната полиција им кажува на жените да се соблечат. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот