X
 26.08.2016 Живот

Како муслиманките се дискриминирани во општеството?

Неодамнешниот инциден кога вооружен полицаец принудува жена во Франција да ја соблече нејзината маица на плажа.

 

муслимани


Хиџабот стана спорна облека и често пати се користи за да се поврзи со екстремизмот и неговата употреба за да се формира основата на дискриминацијата.

Но, што муслиманките не можат да прават според луѓето и организациите кои ги спречуваат во нивните активности.

1. Да пишуваат пораки на телефон

Три британски муслимани - две сестри и брат - биле принудени да се симнат од авион во Лондон и биле испрашувани бидејќи официјалните лица мислеле дека се дел од Исис.

Нивната вина?

Тие читале од нивните мобилни телефони кои наводно имале „арапски тестови“.

2. Жед


Пред неколку недели две муслиманките биле избркани од авион бидејќи предизвикале непријатна ситуација за вработените.

Изворот на непријатноста бил тоа што жените прашале зошто не им дале вода со часови.

3. Читање

Фаизах Шанин, кој работи во „NHS“ бил притворен на аеродром во Велика Британија на 3 август поради тоа што читал книга за сириската уметност.

4. Шопинг

Муслиманка во Индијана била принудена да ја напушти продавницата бидејќи не сакала да го отстрани нејзиниот никаб. Менаџерот тврдел дека го барал тоа од неа затоа што продавницата била во област на висок криминал каде често се случувале грабежи.

6. Чудно движење

Муслиманка „чудно се движела“ за да го фати возот, па затоа била соборена на земја и соблечена пред цела јавност.

6. Работа

Според Комитетот за жените и еднаквоста, муслиманките имаат три пати поголеми шанси да не се вработат отколку не-муслиманките.

7. Јадење во јавност

Во мај, седум муслиманки биле принудени да напуштат калифорниски ресторан. Ресторанот се повикал на сопствената политика која вели дека луѓето можат да седат само 45 минути; сепак видеото покажува дека во ресторанот имало доста празни маси.

Жените тврделе дека биле исфрлени бидејќи носеле хиџаби, такашто презеле правни мерки против ресторанот.

8. Професионална кошарка

Меѓународната кошаркарска федерација им забранува на играчите да носат опрема која може да предизвика повреда на други играчи. Поради некоја причина, хиџабот спаѓа во оваа категорија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот