X
 30.12.2019 Живот

Ова се жените што во 2019 година беа први во своите полиња на работа

Земјите низ светот ветија родова еднаквост до 2030 година, но дури и најнапредните од нив се чини дека не прават доволно за да се постигне тоа. Сепак, достигнувањата на жените во оваа година помогнаа да се приближи таа цел.

Жените сè уште се платени 20 проценти помалку од мажите и опфаќаат помалку од една четвртина од парламентарците, соопшти Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Во изминатите децении процентот на жени на пазарот на трудот, како и во одборите на компании, се зголеми, но тие и понатаму остануваат недоволно застапени во корпоративниот свет. Но, кои се светлите точки на патот кон еднаквоста?
Ова се жените што во 2019 година беа први во своите полиња на работа.

Прва женска вселенска прошетка

Две астронаутки на НАСА го сочинуваа првиот женски тим во октомври кој шеташе во вселената. Имаше жени што го правеа ова порано, но ова беше првпат да немаат машко друштво. Тоа беа Џесика Меир и Кристина Кох.

Првиот женски пилот во индиската морнарица

Потпоручникот Шиванги е првата жена што управува со авион на индиска морнарица. Тоа се случи по три години откако индиските ВВС регрутираа први жени пилоти.

Првите доморотки влегоа во американскиот Конгрес

Деб Халанд и Шарис Дејвидс станаа првите американски членови на Претставнички дом во јануари од редовите на автохтоното американско население.

Судан доби прва судијка во Врховниот суд

Судијката на Врховниот суд - Немат Абдула Аир стана првиот шеф на суданското судство, африканска држава со мнозинство муслимани.

Прва претседателка на Словачка

Поранешната антикорупциска активистка и адвокатка за ЛГБТ-права, Зузана Чапутова, беше избрана за прв претседател на Словачка во јуни. ЛГБТ-активистите се надеваат дека ќе донесат позитивни промени за правата на хомосексуалците и трансродовите лица во таа конзервативна држава.

Папата Франциск ги именува првите жени во клучно одделение во Ватикан

Четири жени (монахињи) станаа советнички во бискупскиот синод и се првите жени во тој совет, основан во 1965 година од Павле VI, како папско советодавно тело.

Првата црна жена на врвот на Хималаите

Јужноафриканката Сарај Н’куси Кумало го освои Монт Еверест.

Прва доморотка од Мексико номинирана за „Оскар“

Јалица Апарицио (26) е првата родена доморотка што е номинирана за „Оскар“. Апарицио не продолжила со глума сè до улогата на дадилката во филмот „Рома“ и ја искористила стекнатата слава за промовирање на работничките права.

„Фајненшал тајмс“ доби главна уредничка

Рула Халаф првпат беше прогласена за главен уредник на британскиот „Фајненшл тајмс“ од основањето на весникот во 1888 година. Халаф, родена во Либан, работи во ФТ повеќе од 20 години.

Во Тунис – главна фудбалска судијка

Дорсаф Ганоиати (33) е туниска фудбалска судијка која во 2019 година влезе како прва арапска и африканска жена што судеше натпревар од Првата лига.

ММФ – главна економистка

Гита Гопиах стана првата жена главен економист на Меѓународниот монетарен фонд. Таа беше назначена на функцијата во октомври. Родена е во Колката во Индија и е професор на „Харвард“.

Малезија – шеф на судиите

Тенгку Маиум Туан Мат – првата жена шеф на судството во Малезија. Пред назначувањето само мажи биле на таква функција од 1963 година. Таа била во Федералниот суд од 2018 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот