Што имаат заедничко Рос Гелер, Џери Сајнфелд и Кери Бредшо?
Освен патолошко самоиспитување поврзано со неподносливо его, тие изразуваат силни атрибути на невротичност. Така, доколку тие би постоеле во реалноста, не само што би ги иритирале луѓето околу нив со нивните дихотомизирачки карактери и постојаното „Не можев, а да не се запрашам“, туку и би ги надживеале.
Според неодамнешно истражување, поседувањето на невротичноста како карактерна особина може да го намали ризикот од смрт за оние што имаат лошо здравје.
Истражувањето открива дека атрибутите како што се грижата и чувството на ранливост се директно поврзани со пониска смртност. Додека кај комичарите и актерите неврозата е нешто вообичаено, речникот Мериам-Вебстер ја дефинира како „ментално и емоционално нарушување што влијае врз дел од личноста“ и е придружено со „искривена перцепција на реалноста“.
Со други зборови, ако се грижите многу, ако лесно паѓате под стрес и повремено губите контакт со реалниот свет, тогаш може да сте невротични.
„Нашите наоди се важни бидејќи сугерираат дека кај луѓето со високо ниво на невротичност понекогаш оваа карактерна особина има заштитен ефект, можеби со тоа што луѓето се позагрижени за сопственото здравје“, објаснува Кетрин Р. Гајл, водечки истражувач.
Сепак, понатамошните истражувања покажаа дека заштитниот ефект е очигледен само кај оние што го оцениле нивното здравје како прилично лошо.
„Исто така, откривме дека луѓето што постигнале високо ниво на еден аспект од неврозата поврзана со грижата и ранливоста имаат
намален ризик од смрт, без оглед на тоа како го оцениле своето здравје“, додава Гејл.