X
 29.08.2016 Култура

Најлудите КГБ обиди за атентат според податоците на ЦИА

Познато е дека советската шпионска агенција КГБ (Комитет за државна безбедност на Русија) користела брутална тактика во елиминирањето и заплашувањето на своите непријатели.

 

atentat

 

Урбаната легенда вели дека во средината на 80-тите после киднапирањето на советскиот дипломат во Либан, КГБ киднапирале и убиле роднина на еден од киднаперите. Потоа на терористите им испраќале дел по дел од телото во посебни пакети. На тој начин им покажале дека никој не може да си игра со нив.


Документите на ЦИА кои повеќе не се тајни откриваат дека КГБ имале посебен тим само за извршување на убиства. 13-от оддел на КГБ бил наречен „Дирекција за специјални задачи“, која спроведувала елиминирање на сите оние кои претставувале закана за СССР.

Повеќето агенти не знаеле дека дирекцијата има две посебни лаборатории - една за производство на оружје и експлозив, а друга за развивање на отров и дрога. Отровот била омилена метода за случаи кои под зголемен надзор од судот, затоа што привлекувала помалку внимание и често ваквата смрт била заменета со природна смрт. Ова се неколку обиди за убиства по наредба на КГБ.

1. Лав Троцки

 

1


Троцки бил клучен играч во болшевичкото преземање на Русија во 1918 година. Многу луѓе сметале дека тој ќе го наследи Ленин после неговата смрт. Но, Сталин победил во оваа игра.

Троцки ја критикувал новата советска влада за задушување на демократијата и бил исфрлен од власта. На крајот Сталин го протерал од СССР. Тој се преселил во преградие во Мексико, меѓутоа ни големата далечина не можеле да го заштити од смртната казна на Сталин. Троцки бил убиен од шпански комунист во 1940 година кој го нападнал со алпинистичка шипка за мраз.

2. Јосип Броз Тито

 

2


Лидерот на Југославија после Втората светска војна не сакал да се откаже од самостојноста на неговата земја. Бидејќи Тито одбил обединување со Советскиот блок, Сталин одлучил неговата фрустрација да ја излекува со други методи, односно да се ослободи од Тито.

Русите се обиделе да го убијат Тито дури 22 пати, меѓутоа ниту еден план не му успеал на Сталин. На крајот Тито испратил телеграма до Москва: „Престанете да испраќате луѓе да ме убијат. Ако не престанете да испраќате убијци, јас ќе бидам принуден да испратам свој човек во Москва. Ако го сторам тоа, нема да има потреба да испраќам друг“.

3. Џон Вејн

 

3


Изјавите на глумецот против комунизмот не му се допаѓале на Сталин кој наводно нарачал атентат врз Џон Вејн. Двајцата руски режисери Сергеј Герасимов и Алексеј Каплер го предупредиле Орсон Велс за убиството, а Велс му кажал на Вејн. Вејн уште од претходно му кажал на агентот на ФБи Јакима Канут, кој всушност му го спасил животот. Џон Вејн и неговиот пријател планирале да ги киднапираат убијците, да ги однесат на плажа и од нив да извлечат информации. Двајцата убијци на крајот се предале и започнале да работат за ФБИ, а Вејн се преселил во безбедна куќа со огромна ограда.

4. Лев Ребет

 

4


Лев Ребет бил украински писател, кој го преживеал нацистичкиот логор, а подоцна станал жесток противник на комунизмот. Еден период се нашол на чело на украинската влада. Во 1957 година починал ненадејно на пат за Минхен, а како причина била наведена природна смрт.

Агентот на КГБ Бохдан Сташински четири години после смртта на Ребет побегнал на запад и открил дека смртта на Ребет всушност била убиство. Тој го убил со пиштол кој испуштал цијанид. Со истиот пиштол го убил и Степан Бандера, шеф на партијата на Ребет.

5. Георги Марков

 

5


На автобуската станица во Лондон во 1978 година, својот превоз го чекал Георги Марков, комунистички дезертер од Бугарија кој живеел во Англија. Човекот кој стоел покрај него го испуштил чадорот и го удрил Георги во ногата - човекот се извинил и двајцата продолжиле по својот пат. Георги починал четири дена после случката.

Аутопсијата покажала дека починал од смртоносниот отров рицин. Владимир Костов, уште еден Бугарин кој го напуштил комунистичкиот режим, преживеал сличен напад. Топчињата со отров биле пронајдени во неговиот грб.

6. Георгиј Околовиќ

 

6


Лидерот на анти-комунистичката група во егзил, Георгиј Околовиќ, во 1954 година на вратата од неговиот дом во Франкфурт го затекнал Николај Кхоклов кој му рекол:

„Доаѓам од Москва. Централниот комитет на комунистичката партија на Советскиот сојуз го нарача твоето убиство“. Но, агентот не го убил, туку избегал во Америка и преку конференција со новинарите открил какво оружје требало да искористи - кутија цигари кои всушност била мал пригушен пиштол со електронско управување кој испушта цијанид.

7. Николај Кхоклов

 

7


За да се одмаздат поради неговото бегство и поради тоа што не го убил Околовиќ, Одделот 13 го нарачал неговото убиство - со отровот талиум, кој требало да биде првата употреба на радиолошко оружје во КГБ.

Талиум е елемент кој често се користел за труење на стаорци и мрави, но престанал да се користи поради можните лоши последици. Кога кожата на Кхоклов започнала да пука, кога започнал да ја губи косата и да крвари, знаел за што станува збор. Германските доктори му дале противотров и тој преживеал.

8. Папата Јован Павле Втори

 

8


Кога полскиот кардинал Карол Јозеф Војтила бил избран за папа во 1979 година, Советскиот Сојуз не бил воодушевен од изборот со оглед на тоа што го сметале за огромна закана за нивната моќ, особено во Полска. Кога на 13 мај 1981 година Папата бил застрелан и ранет, целиот свет започнал да ја бара пошироката слика позади неговиот напаѓач - Тручинот Мехмет Али Агџа.

Книгата во која се изнесуваат документи кои агентот Василиј Митрокхин ги пренел на запад, покажуваат дека КГБ се обидел да изврши атентат за да му се одмазди на Папата поради неговиот обид за поткопување на советскиот режим.

9. Александер Литвиненко

 

9


Александер работел за КГБ од 1986 година до распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, кога продолжил да работи во руските служби за безбедност, долго време после тоа. Се инфилтрирал во групите на организиран криминал. На конференцијата за новинари во 1998 година ги обвинил неговите претпоставени дека го нарачале убиството на руски медиумски магнат Борис Берзовски. Александер го обвинил Путин дека бомбардирал руски станови и убил руски новинар за да биде избран за претседател.

Со семејството избегал во Лондон каде започнал да пишува книги и да ја советува британската разузнавачка заедница за руските активности со што станал мета на ФСБ, наследник на КГБ. Во 2006 година наеднаш се разболел, ослабел и не можел да оди. Кога бил сместен во болница, специјалистите направиле тестирање на радиоактивни материјали и откриле дека во неговото тело го има елементот Полониум-210. Хемискиот елемент кој зрачи алфа радијација која го уништува човечкото ткиво откако човек ќе го проголта. Британските официјални лица откриле дека во шолјата чај од која Литвиненко постојано пиел има полониум, 200 пати повеќе од вообичаената смртоносна доза.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура