Мбах Гото од Индонезија е најстариот човек во светот. Роден е во 1870 година и има 145 години.
Досега се простил од своите браќа и сестри, од четирите сопруги, од кои последната му починала во 1988 година.
Му починале и децата, а за него се грижат внуците, правнуците и пра-правнуците.
Денес има само една желба и вели: “Само сакам да умрам.” Неговиот внук вели дека за смртта се подготвувал уште од својата 122 година.
Кога го прашале која е тајната на долгиот живот, тој одговорил: “Трпението!”