X
 29.08.2016 Образование

Наставничка со генијална идеја

Една од најголемите главоболки за учениците (особено почетниците) и родителите се домашните задачи, кога ќе дојде крајот на распустот. Децата се кенкави над купиштата  математички проблеми, а нивните родители се мачат да се потсетат што учеле децении наназад.

Но, една учителка на второодделенци од Тексас воведе нова политика кога се во прашање домашните задачи. На своите ученици им подели порака да им ја дадат на нивните родители. Кога пораката ја сподели преку социјалните медиуми, инстантно стана вирална. Во пораката го пишува следново:

“Драги родители,

По долги истражувања летово, се обидувам да воведам една новина. Домашната задача ќе се состои од довршување на започнатото во текот на школскиот ден. Класична домашна работа веќе не постои.
Моето истражување не можеше да докаже дека домашните задачи го подобруваат учинокот на учениците, поради што им дадов предност на домашните активности на учениците со нивните семејства: да имаат заеднички оброци, да читаат заедно, да си играат со другарчињата надвор и порано да си легнуваат.

Ви благодарам,
Г-а Бренди Јанг”


Пораката беше споделена 70.000 пати од мајки и татковци што отрпнаа да изигруваат “полицајци за домашни задачи”.

Потегот  на наставничката наиде на одобрување од многу страни. Мнозинството луѓе сметаат дека социјалните вештини, семејното врзување и легнувањето порано навечер се многу важни чинители во формирањето на децата.

“Учениците работат напорно за време на школскиот ден, па затоа треба да се занимаваат со други активности откако ќе си отидат дома. Се грижам за нивниот целокупен развој”, изјавува Јанг.

Една од најсериозните задачи е образованието на децата, но постојат многу различни начини да се изведе тоа.

Ова е вин-вин ситуација.


Порака
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование