X
 29.08.2016 Култура

За што зборуваат TED приказните

TED (Technology, Entertainment, Design) се кратки видео предавања од различни области кои наликуваат на интересна комбинација од научни експозеа со елементи на стенд-ап комедии.


TED приказни.


Во 1984 година, архитектот и графички дизајнер, Ричард Саул Вурман, ја воочил поврзаноста меѓу технологијата, забавата и дизајнот и одлучил да организира конференција посветена на тие теми.
Првата TED конференција се одржа во истата година и нејзините учесници имаа прилика да се запознаат со компакт дисковите на Сони и првиот Мекинтош компјутер на компанијата Apple. Настанот поминал неуспешно, а TED морал да почека шест години до повторното заживување.

Деведесеттите години ѝ се насмевнаа на оваа иницијатива, која од 1990 година почнала редовно да се одржува во Калифорнија. Развивајќи се под мотото “Идеи вредни за споделување”, конференцијата излегла од рамките на областите од кои е сочинет акронимот TED.

Новиот сопственик на TED од 2002 година, Крис Андерсен, наведува дека целта на организацијата е да ги пронајде најинтересните луѓе од целиот свет и да им овозможи да ги претстават своите идеи. Така настанала идејата за TED приказните-платформи преку која мнозинството луѓе разбраа за оваа организација.

Се работи за канал кој им овозможува на луѓето од целиот свет да ги слушаат бесплатно, преку интернет, излагањата од TED конференциите. На овој начин, истовремено, Крис Андерсен им одговори на критичарите на TED кои организацијата ја препознаа како елитистичка, бидејќи публиката им била составена генерално од луѓе што добиле покани и плаќале 6000 долари за да присуствуваат.  

Видео содржините можат да опфаќаат ралични теми, но да не бидат подолги од 18 минути. Излагачите, независно од нивната стручност и академски степен, користат едноставен израз, сликовит и разбирлив за широките маси. Според организаторите, со ваквиот концепт сакаат да поттикнат креативност и создавање генијални идеи кои лесно ќе комуницираат со луѓето и ќе се шират до недоглед.

Повеќето говорници на TED користат колоквијален говор со духовити забелешки, па така во некоја од епизодите на TED можете да го видите Ал Гор како зборува за климатската криза во стил на стенд-ап комичар со дискутабилен талент.
Но, и овој начин наиде на критика од страна на релевантната јавност, која вели дека TED од научниците прави циркузанти. Исто така, се става сомнеж и на научната издржаност на поединечни излагања, кои не се поткрепени од какви било писмени референци.

Крис Андерсен жали што ваквите забелешки ја одминуваат целта на TED - да се шират идеи што се потенцијален фактор за промена на светот на подобро. Затоа како начин за најлесно распространување е избрана приказната. Сепак, еден од најзајадливите противници на TED, Бенџамин Братон од универзитетот во Сан Диего, смета дека постојат идеи што го променуваат светот, но не успеваат ако само се зборува за нив.    
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура