X
 30.08.2016 Култура

Како да реагирате на провокациите на социјалните медиуми?

Ако барате кавга, социјалните медиуми ви се одлична прилика некого да го затекнете во пусија.

Социјалните медиуми се конгломерат од луѓе со различни идеи и животни погледи, поради што многу лесно разговорите знаат да ескалираат, независно од темата. Публиката е како борина, а огнот што може да се разгори поттикнат од разијдување во политичките ставови, или нешто поврзано со славни личности, особено на платформите од типот на Твитер, каде што секој се претставува преку свој аватар, знае да ви го преплави “ѕидот”, да трае долго и тоа на кратки интервали. Потем, се отвора едно прашање: Во кој момент се фаќате на мамецот и што преземате потоа? Од одговорот можете да откриете дали имате потенцијал да се претворите во “дигиталниот” силеџија што го мразите. 

Витни Филипс, авторка на This Is Why We Can't Have Nice Things: Mapping the Relationship between Online Trolling and Mainstream Culture, една деценија ја истражувала интернет комуникацијата и верува дека одговорите се многу поедноставни:
“Кругот од коментари и одговори има еден главен проблем: Речиси е невозможно да ја откриете намерата на анонимните корисници на социјалните мрежи. Во отсуството на ‘живи’ сигнали, како на пример, израз на лицето, гестикулација, клучни зборови, што би биле навредливи, на мрежата можеби се само обид за субверзивна шега. Исто така, може да се работи за ‘лажачка’ за да се намамат луѓе со искрени верувања во битки на зборови, заради забава или ‘тролање’ ”

Филипс додава дека не сме свесни кога почнува и кога завршува играта, нити, пак, кој навистина учествува во неа. “Потешко е”, вели таа, “да се детектира навредливото однесување, без да се потхранува со публика. Најсоодветна интервенција е спротивставување со порака што објаснува зошто е штетен таквиот говор, без навлегување и одолговлекување на преписката.”

Друга опција е да се користат можностите на политиките на социјалните мрежи и да се испрати извештај за нечие однесување (report) кое е штетно за онлајн заедницата (со извесно влијание и на реалниот живот). Уште подобро, можеби, е комплетно игнорирање на провокацијата, со што би му задале силен удар на некој чии намери не се познати.

Клучната порака на Филипс е: “Секогаш кога избирате да отстапите од негативно постапување, себеси си правите услуга”.


Онлајн провокации
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура