X
 06.09.2016 Живот

Утринска рутина што ќе Ви заштеди 20 часа неделно

Првите три часа од денот ви се најдрагоцени за да ја максимизирате продуктивноста.

Вака како што е структуриран работниот ден, со осумчасовно работно време (најчесто од 9 до 17 часот), воопшто не е ефективен, особено за интелектуален ангажман. Најпродуктивните земји во светот не предвидуваат осумчасовно работно време. Напротив, тие имаат најкраток работен ден. Луѓето во земји како Луксембург работат, отприлика, 30 часа неделно (околу 6 часа дневно, пет дена во неделата) и во просек заработуваат повеќе од луѓето со полно работно време. Зборуваме за просечен работник во овие земји. Тогаш, да се запрашаме како “стојат” супер-продуктивните работници?

Голем удел има мотивацијата за тоа што сакате да го постигнете, за што мора да бидете начисто со себе. Ако сте како повеќето луѓе, најверојатно сакате да  обезбедите добри примања, работејќи го тоа што ве исполнува, а кое, исто така, би сакале да ви овозможува и флексибилен распоред на обврските.

Квалитет наспроти Квантитет 

Каде и да си, биди сигурен дека си на вистинското место. (Дан Силвиан)

Должината на работниот ден влијае врз перформативноста на работникот. Со други зборови, полното работно време, повеќето работници го минуваат во помал учинок и поделено внимание (социјални медиуми, емаилови итн.). Има и логика – сметаат дека имаат многу време на располагање за да ги сработат дневните обврски.

Но, поентата е да се биде насочен стриктно на резултатот, што значи 100% посветен на работниот ангажман. Концептот е едноставен: Интензивна активност проследена со квалитетен одмор и обновување на енергијата. Напредокот се случува за време на обновувањето на енергијата, до коешто се стигнува преку исцрпувачка работа. Затоа, најдобрата работа се завршува во краток, интензивен напор. Се мисли на непрекинат и темелен ангажман во рок од еден до три часа, со високо ниво на концентрација.  

Една студија покажа дека само 16% од испитаниците одговориле дека се инспирираат на работа, додека остатокот се покреативни и инспирирани кога се настрана од мониторот со работни задачи. Причината е многу едноставна: Кога работиме на дадена задача, вниманието ни е концентрирано на извршување на задачата (директна рефлексија), а кога не работиме, го пуштаме умот слободно да талка. Е, токму во тој момент, додека се рекреираме, потсвесно ги примаме дразбите од околината, мислите се преплетуваат, се распространуваат во сите временски насоки и сосема случајно креираат врски и асоцијации до некој проблем за кој ни е потребно решение (во тој момент се случува еуреката!). Креативноста, пред сè, е поврзување на деловите во мозокот.
Кога сме на работа - работиме. Кога не сме - прекинуваме со работа. Со исклучувањето на умот од работата, се случува обновувањето на енергијата и креативниот пробив кој нè поврзува со работата.  

Првите три часа од денот се клучни

Според психологот Рон Фридман, првите три часа од денот се најдрагоцни за продуктивноста.
Спиењето и сонот се периодот на обновување на енергијата. Истражувањата потврдуваат дека мозокот, особено префронталниот кортекс, е најактивен и најкреативен непосредно по заспивањето. Умот се ослободува во потсвеста и креира контекстуални и привремени врски. Затоа, по спиењето мозокот е најспособен за активна работа. На енергиско ниво, пак, науката за волјата и самоконтролата потврдува дека најволни за работа сме веднаш по будењето. Колку подолг ни е денот, толку повеќе ни се намалува волјата. Консеквентно на ова, најдобро време за најефективна работа се првите три часа од денот по будењето. Ако го воспоставите овој ритам на функционирање и додадете 30 грама протеини во вашиот појадок што се препорачува да ви биде 30 минути по будењето, ќе додадете гориво на вашата енергија за совладување на работните задачи со голема леснотија. Вака разбудени и енергични, направете си концепт на работниот ден, запишете ги идеите што ви дошле на памет и тоа нека ви одземе најмногу 10 минути. Овој тајмлајн на подготвителни активности пред да се зафатите со работа ќе резултира со успех доколку воспоставите биоритам на рано будење и порано заспивање навечер. Како и да е, треба да се има предвид дека утрата овозможуваат највисока перформативност, затоа е важно да се искористат за работа, а состаноците и средбите од друг тип да се поместат во попладнињата.

Телесна и умствена состојба

Истражувања покажале дека луѓето што вежбаат, се попродуктивни на работа. Мозокот е, сепак, дел од телото. Здравото тело значи и пофункционален мозок. Затоа треба да се има холистички пристап во обезбедување висококвалитетна перформативност. Човекот е систем. Ако се промени еден дел, цела целина претрпува промена, па следствено на тоа, ако се подобри еден дел, корист има целината.


Брз живот
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот