Депресијата е сериозна болест која мора соодветно да се лекува, а студиите покажуваат дека некои методи можат да помогнат да се намалат симптомите и да се контролира целокупната состојба.
Вежбање и депресија
Резултатите од новата метаанализа на 218 клинички студии покажуваат дека вежбањето е ефикасен третман за депресија и кога се практикува самостојно или во комбинација со терапија и лекови. Според овие извештаи, одењето, трчањето, јогата и тренинзите за сила може да ги намалат симптомите на депресија повеќе од другите форми на вежбање. Исто така, вежбањето со повисок интензитет дава подобри резултати без оглед на тоа колку долго лицето вежба.
Депресијата е во пораст: Што друго може да помогне со конвенционалната терапија?
Депресијата е во пораст кај светската популација, а статистиката вели дека на околу 18 милиони возрасни луѓе во Соединетите Американски Држави им била дијагностицирана депресија во одреден период од нивниот живот. Лековите и психотерапијата добро функционираат за луѓе со депресија и се првиот терапевтски модел. Но, не сите на кои им е потребна помош се во можност да добијат здравствена заштита.
Додека клиничките упатства во САД и другите земји препорачуваат вежбање како додаток на основните третмани, авторите на студијата барале објаснувања за некои недоследности и нејаснотии во сегашните препораки. Нивната желба била да предложат нови модели кои можат да бидат корисни.
Наодите од студијата би можеле да помогнат да се обезбеди рамка за идните упатства.
- Откривме дека вежбањето ја намалува депресијата на нивоа споредливи со третманите со „златен стандард“, како што е когнитивната бихевиорална терапија. Можеме да бидеме сигурни дека тука постои причинско-последична врска - изјавил д-р Мајкл Нотел, главен автор на студијата и виш предавач по психологија на Универзитетот во Квинсленд, Австралија.
Повеќе од 14.000 учесници биле испитани за врската помеѓу депресијата и вежбањето. Посебен фокус е ставен на одење, џогирање, јога, тренинг за сила, таи-чи и чигонг. Тимот открил дека сите вежби се „добро толерирани“ и ефективни сами или во комбинација со терапија и лекови. Одењето, џогирањето, јогата и тренинзите за сила покажале најмногу придобивки. Трчањето и интервалните тренинзи се најефикасни.
Истражувачите откриле и дека поинтензивното вежбање има поголем ефект врз расположението, без оглед на должината на тренингот. Сепак, вежбањето со помал интензитет, исто така, довело до подобрувања. Студијата ги има вообичаените ограничувања, забележуваат авторите, како што се малиот број учесници и ризикот од пристрасност.
Што се крие зад ефектот на вежбањето?
Се чини дека тренинзите за сила нудат повеќе придобивки за жените, откриле истражувачите. Јогата и чигонг вежбањето имале поизразен ефект врз мажите. Д-р Нотел верува дека овие разлики би можеле да бидат резултат на воведување нови рутини преку вежби за одредена група.
- Голем дел од лекувањето на депресијата е да ги прекинеме некорисните циклуси кои нѐ држат заглавени во таква состојба. Правењето нешто сосема различно од она на што сте навикнати ќе ви помогне да ги прекинете тие циклуси и да се „ослободите“. Не знаеме точно како вежбањето ја ублажува депресијата. Еден од начините на кои веројатно влијае е со промена на рамнотежата на невротрансмитерите во мозокот - вели д-р Мајкл Нотел.
Како да изберете идеален модел за вежбање
- Идеалната вежба за луѓето кои се борат со депресија зависи од нивната моментална рутина - вели Рејчел Голдберг, терапевт, личен тренер и фитнес-инструктор.
Иако менувањето на рутината за вежбање може да понуди придобивки за искусните вежбачи, оние што не вежбаат ќе ги видат придобивките веднаш штом ќе започнат.
Мајкл Нотел нагласува дека луѓето со депресија можат најмногу да имаат корист од програмата за вежбање која „им дава барем малку притисок“. Сепак, Урлик Виук ја нагласува важноста да се консултирате со здравствен работник пред да ја промените или започнете рутината за вежбање.
Извор: eklinika.telegraf.rs
Фото: Freepik