X
 09.09.2016 Култура

Чудни закони кои важат во Британија

Дали сте знаеле дека законот во Британија бара од секој Британец на возраст од 17 до 60 години да има стрела и редовно да вежба? Законот бил укинат во 1960 година.

 

велс


Кристофер Сарџант, студент на докторски студии на Универзитетот во Кембриџ неодамна направи топ листа на бизарни, непознати и луди закони во Велика Британија.

1. 1313 Статутот


Овој статут забранува носење на оклоп за време на настанот PMQ (Prime Minister's Questions). Впрочем, зошто некој би носел оклоп?


2. Законот за лиценцирање од 1872 година

Ако сте пијани, тогаш не ви е дозволено да поседувате крава или коњ. Исто така, законот забранува да поседувате оружје или парна машина.

3. Метрополитскиот полициски акт од 1839 година


Ја знаете играта кога тропате на нечија врата, а потоа бегате? Да, тоа е нелегално.

4. Метрополитскиот полициски акт од 1839 година


Секако, истиот закон, меѓутоа со уште една одредба која вели дека правите прекршок ако носите када, тркала, скали, буре, столбови и штици на патека, освен за целите на товарање или растоварање на количка или кочија.

Причината за законот била да се обезбеди луѓето слободно да шетаат низ улица без таа да биде блокирана.

5. Законот за лосос од 1986 година

Овој закон забранува ловокрадство; освен тоа нелегално е човек да се „справува“ со лосос во сомнителни околности.

6. Прерогатива регис од 1322 година

Овој закон вели дека сите китови и моруни кои се наоѓаат во Велика Британија ѝ припаѓаат на круната.

Законот се'уште се почитува - во 2004 година рибарот Роберт Дејвис ѝ понудил на кралицата моруна тешка 4 килограми која ја фатил на велшкиот брег.

7. Метрополитскиот полициски акт од 1839 година

Да, постојат уште неколку регулативи под овој закон.

Законот вели дека не смеете да удирате тепих на улиците после 8 часот наутро. Исто така, не смеете да пеете непристојни песни или балади, да летате змеј или да пукате со топ или било какво огнено оружје.

8. Клаузулите на актот на градската полиција од 1847 година

Закон кој забранува лизгање - се забранува правењето лизгалки од мраз или снег.

9. Големиот лондонски законски акт од 1999 година

Ако постои знак кој вели дека треба да чекате или ако член на персоналот ви вели да чекате, тогаш нелегално е да го прескокнете редот според статутот на превозот во Лондон.

10. Законот за лиценцирање од 1872 година

Истиот закон вели дека нелегално е да бидете пијани во лиценцирани простории. Ова буквално значи дека не смеете да бидете пијани во паб. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура