X
 12.09.2016 Образование

Новата инвестиција на Марк Цукерберг

Филантропската гранка на Марк Цукерберг, “Chan Zuckerberg“, прави инвестиција во индискиот стартап “Byju“, едукативен стартaп кој нуди персонално учење и услуги за испитување и оценување на знаењето на студентите.

Покрај “Chan Zuckerberg“ и “Sequoia Capital“ како и постоечките поддржувачи “Sofina“, “Lightspeed Ventures“, и “Times Internet Ltd“ учествуваа со инвестиции околу 50 милиони долари. Ова е прва инвестиција на “Chan Zuckerberg“ што е формирана минатата година на азискиот пазар.

Chan Zuckerberg


Основана во 2011 година, “Byju“ нуди програми по математика и наука за ученици од средношколска и универзитетска возраст. Како дополнување, стартапот ги подготвува студентите за некои од најбараните обрaзовни конкурентни испити во земјата меѓу кои што се:  JEE, CAT, IAS, и GMAT.

“Byju“ нуди интерактивни видео предавања и други наставни материјали преку својата веб-страница и апликациите, давајќи им на студентите удобност на земање часови од каде што сакаат и кога сакаат. Таа обезбедува голем дел од своите услуги на корисниците бесплатно, но нуди и дополнителни насоки и повратни информации за своите претплатени корисници. Компанијата има годишно над 250.000 претплатници и над 5,5 милиони превземања на апликацијата.


Индија


“Индискиот образовен стартап беше отворен од страна  на наставникот и претприемач со име Byju Raveendran како начин да им помогне на студентите од различни потекла низ Индија да учат на начин што е најдобар за нив. Мобилната апликација користи мешавина од видео лекции и интерактивни алатки за да им помогне во учење теми како математика и природни науки. Јас сум оптимист во врска со персоналнотo учење и разликата што може да ја направи за студентите насекаде. Тоа е затоа што тоа е главен фокус на нашите напори за образование, и зошто ние сме во потрага и очекувања да работиме со компании како “Byju“ и да дојдат овие алатки во рацете на повеќе студенти и професори од целиот свет "-напишал Марк Цукерберг во пост на Facebook.

Со новиот прилив на капитал, плановите на “Byju“ се да ги понуди своите услуги на глобалните пазари, вклучувајќи ги САД и Велика Британија, како и воведување на предмети надвор од науката и математиката. 
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование