X
 01.11.2018 Живот

Индија може да забрани приватни возила во главниот град поради загадувањето

Индија може да забрани употреба на приватни возила во главниот град Њу Делхи ако загадувањето на воздухот, кое е на високи нивоа во последниве денови, се зголеми, изјави висок официјален претставник.

- Да се надеваме дека ситуацијата со загадувањето на воздухот во Њу Делхи нема да се влоши, но ако се покаже како итна ситуација, ќе мора да ја забраниме употребата на приватен транспорт - вели Бхуре Лал, претседател на Управата за контрола на загадувањето на животната средина (ЕПЦА).

  - Постои комисија која ќе ме советува за ова - рече тој.

ЕПЦА, назначена од индискиот Врховен суд, веќе предложи да се прекинат градежните работи во Њу Делхи, употребата на дизел-генератори, печки од цигли и согорувањето на ѓубрето помеѓу 1 и 10 ноември, кога се очекува да се зголеми нивото на загадување.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот