13.09.2016
Наука
Детето со неверојатни телепатски способности
Рамзес Сангуино има пет години и е чудо од дете кое покажува знаци на телепатски способности.
Изгледа дека младиот Рамзес поседува супериорен интелект, а видеозаписот каде тој погодува броеви напишани на карти, се прошири во јавноста со брзина на вирус. Веќе говори 7 или 8 јазици, а неговата мајка истакнува дека отсекогаш претчувствувала дека постои некоја екстремна посебност во врска со нејзиниот син.
“Дури и пред да се роди, знаев дека ќе биде некој посебен што ќе го смени светот”, вели таа.
Се чини дека тој има капацитет да ги впива информациите како сунѓер, а неговата мајка воопшто нема објаснување за тоа. Единствено објаснување би можело да биде дека тој поседува телепатска моќ и дека токму таа моќ му е дадена од некоја супериорна интелигенција. Постои можност неговите сетила да се толку сензитивни за да му овозможуваат способност преку читање на нечии телесни движења и фацијални експресии, со голема прецизност да каже на што всушност мисли лицето во тој момент.
Научната јавност покажа интерес за проучување на ваквите способности на Рамзес.
Д-р Дијана Пауел, афирмиран невронаучник, е автор на документарен филм за неговото однесување, каде се нотира дека при едно тестирање тој точно погоди 16 од 17 броеви, вклучително и двоцифрени, скриени надвор од неговиот видокруг.
Д-р Пауел бара спонзорства за да стартува школо за млади талентирани аутистични деца за развивање на нивните способности, и смета дека овие деца можат да бидат од клучно значење за иднината на човештвото и се препознаваат како “индиго деца”.
Подготвил: Б.Б.