X
 28.08.2018 Живот

Сликата на која се сретнаа луксузот и сиромаштијата е пораз за денешното општество

Богаташите кои уживале на плажата на луксузното летовалиште збунето го гледале чамецот што се приближувал, а кога застанал на брегот била создадена снимката што е вистински пораз за современиот свет.

Долго време сме немале можност лице в лице да ги видиме сјајот и бедата.

Идилично опуштената атмосфера на плажата Бароса, во јужна Шпанија, во Коста де ла Луз била прекината со доаѓањето на чамецот во кој имало 50-тина мигранти од Мароко, меѓу кои и децата. Туристите зачудено гледале додека мигрантите излегувале од чамецот.

-Трчаат за „ол инклузив“ - беше еден од „духовитите“ коментари на туристите.

Од една страна имаме луѓе кои го живеат својот сон, а од друга оние кои поминуваат низ пекол, бидејќи се надеваат на живот. Иако и двете групи на луѓе се најдоа на исто место, во исто време - коментарот на богатиот турист покажува колку нивните светови се навистина оддалечени и колку се неспособни да сочувствуваат со другите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот