X
 14.09.2016 Економија

Велика Британија со нови банкноти

Првите банкноти направени од полимер, односно специјална пластика, се пуштени во оптек во Велика Британија во вредност од 5 фунти, а на нив се наоѓа ликот на Винстон Черчил.

 

банкоти


После оваа банкнота, следуваат и полимерските банкноти од 10 фунти со Џејн Остин следната година, а до 2020 и онаа од 20 фунти.

Станува збор за „готовинска револуција“ која се подготвувала шест години со оглед на тоа што дискусиите за замена на хартијата со полимерни банкноти траеле уште од 2010 година.

Банката на Англија испечати 440 милиони нови банкноти кои од вчера стана достапни на банкоматите и во банките. Главната причина за овој потег е зголемувањето на трајноста на банкнотите. Овие банкноти би требало да траат 2.5 пати подолго од старите банкноти од 5 фунти, барем 5 години. Минатата година морале да бидат заменети 21.835 банкноти поради штета.

На истражување, развој и печатење потрошени се 70 милиони фунти. Исто така, бил ангажиран тим од 140 луѓе кои работеле на развој на најсовремени сигурносни решенија. Банкнотите биле  направени и како фалсификат, за да се испита дали може лесно да се копираат и како се однесуваат кога случајно ќе се исперат во машина за алишта како и колку се безбедни за здравјето ако на пример некако стигнат до устата на бебињата и домашните миленичиња.

Во Канада веќе се користат полимерните банкноти, а нивното воведување во Британија беше најавено од гувернерот на Банката на Англија, после враќањето од Канада во 2013 година. Со тоа завршува периодот на хартиени банкноти кој траел 320 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија