X
 17.06.2020 Економија

Ранг-листа на најдобрите земји за работа и водење бизнис во 2020

Големите земји се борат за економска доминација, но помалите држави можеби се подобри за работа и водење бизнис, покажува нов извештај. САД и Кина паднаа на листата за најкомпетитивни држави во 2020 составена од Институтот за развој на менаџментот.

Сингапур е на првото место втора година по ред, додека Данска скокна шест места и се искачи на второто место оваа година. Во меѓувреме, САД паднаа за седум места и сега се наоѓаат на десеттото место, а Кина се наоѓа на дваесеттото место, шест места подолу од минатата година.


Фото: Сингапур/Pixabay

Најдобри држави за работа и водење бизнис за 2020

1. Сингапур
2. Данска
3. Швајцарија
4. Холандија
5. Хонгконг
6. Шведска
7. Норвешка
8. Канада
9. Обединети Арапски Емирати (ОАЕ)
10. Соединети Американски Држави (САД)

Годишниот извештај ги рангира земјите според ефикасноста на економијата, работата на владата, бизнисот и инфраструктурата. На ранг-листата се наоѓаат 63 држави, а таа се составува со локални и меѓународни податоци и анкета спроведена на 5.866 бизнисмени.


Фото: Данска/Pixabay

Истражувањето за оваа година било спроведено пред пандемијата на коронавирусот, но од институтот велат дека релативно успешното справување со вирусот на петте држави на врвот на листата ја покажува способноста за адаптација на владите и нивната транспарентност при донесувањето одлуки.

Автор: Керен Џилкрист
Извор: cnbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија