X
 17.09.2016 Култура

Најомразените споменици во светот


Бенедиктинската капела со базиликата и 152 метри високиот крст е едно од најпосетените туристички места и покрај негодувањето на локалните жители.


Кога патуваме, сакаме да ги посетиме сите знаменитости на некое место и да ги овековечиме на фотографии. Иако спомениците ги доживуваме како нешта на кои им се восхитуваат и локалните жители, во некои случаи тоа не е така. Затоа, ако некогаш патот ве однесе на овие места, подобро не барајте инструкции за нив...


1.    Долината на загинатите, Мадрид,  Шпанија

Бенедиктинската капела со својот крст висок 152 метри е едно од најпосетените места во Мадрид. Таму е закопан генералот Франциско Франко. Иако туристите не го заобиколуваат, за локалното население е место од кое се дистанцираат. Бруталниот диктатор го нарача градењето на овој споменик  во чест  на оние кои загинаа борејќи се за него, во текот на Шпанската граѓанска војна во 1930-тите. Франко ги присилил политичките затвореници да ја врежат базиликата во планината. Шпанците и тогаш и денес се згрозуваат од овој чин, особено заради жртвите што паднаа во текот на градењето на споменикот. Затоа и натаму се обидуваат  да го отстранат овој потсетник на генералот Франко.

Долина на загинатите


2.    Палатата на Парламентот во Букурешт, Романија

Зградата на парламентот во Букурешт сјае во ноќите и привлекува туристи од сите краеви на светот. Но кога ќе разберат дека диктаторот Николае Чаушеску ја градел за себе, откако набрзина ќе се фотографираат, заминуваат без свртување. Совет: Не барајте упатства од Романците како да стигнете до оваа палата.

Палатата на Парламентот во Букурешт


3.    Светилникот на Колумбо, Санто Доминго Есте, Доминиканска Република

Полемиките околу тоа дали посмртните останки на Кристофер Колумбо навистина се наоѓаат во оваа капела, во центарот на овој светилник во форма на крст, сè уште се актуелни. Она што се знае е дека сиромашните месни жители се ифрлени од ова подрачје за да се направи место за зградата. Работата да е уште полоша, првото вклучување на светлосните  зраци во зградата предизвикало недостиг на струја во целиот кварт.

Светилникот на Колумбо


4.    Статуата на Нејтан Бетфорд Форест,  Мемфис, САД

Можеби станува збор за најомразениот светски споменик затоа што го чествува еден од основачите на Кју Клукс Кланот, Нејтан Бетфорд Форест. Честопати е “украсуван” со графити со пораки “животите  на црнците се битни”, а градскиот Совет во Мемфис се обврза да ја дислоцира статуата и да ги ексхумира останките на Форест, но тоа сè уште не се случило.

Статуата на Нејтан Бетфорд Форест


5.    Статуата на Петар Велики, Москва, Русија

Овој споменик, висок околу 200 метри, е вонредно грд, според мислењето на туристите и граѓаните на Москва. Освен тоа, тие не го сакаат затоа што ги потсетува на рускиот цар кој ја “обесчестил” Москва, претворајќи го Санкт Петербург во главен град на Русија.

Статуата на Петар Велики


6.    Планината Рашмор, Кистоун, САД

Американците го сакаат, но Индијанците не мислат така. Планината на чии карпи се врежани главите на четирите американски претседатели се наоѓа на света земја, која американската влада им ја одзеде на Индијанците. Освен тоа,  главите се потсетник на европските доселеници кои погубија многу Индијанци за да им ја одземат нивната земја.

Планината Рашмор
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура