X
 09.12.2019 Живот

Тајните хобија на бруталните диктатори

Ким Јонг-ун и кошарката
Иако овој човек изработува планови за уништување на капиталистичките „ѓубриња“ од Европа и Америка, а на своите граѓани им забранува сè што е од Запад, за него важат некои други правила.

Исто како и неговиот татко, така и овој владетел ја обожава традиционалната народна игра од древниот корејски народ. Кошарка!

Омилен играч му е Денис Родман, кој неколку пати го има и посетено.

3. Садам обожавал да пишува

Агентите на ЦИА биле изненадени кога во Лондон забележале интригрантна книга на арапски чиј наслов бил „Забиба и кралот“, особено затоа што нејзин автор бил Садам Хусеин.

Тогаш тие ја купиле книгата и ја прочитале во една вечер. Малку плачеле и откриле дека книгата е љубовен роман. Приказната се одвива во антички Ирак, каде што кралот се заљубува во убавата и невина Забиба, која на некој начин го претставува Ирак. Кралот е Садам, нормално. И така почнува искрената и длабока љубов помеѓу нив.

Но, Забиба на патот кон палатата ја напаѓа и ја силува нејзиниот брутален сопруг. Еве што пишува: „Силувањето е најлошиот криминал, без разлика дали човек ја силувал својата жена или војската ја силувал земјата што ја освоила“.

Така што сега сè е јасно: Забиба е Ирак, кралот е Садам, а лошиот маж е Америка.

2. Сталин сакал да црта голи мажи

Кога не бил зафатен со политички апсења и испраќање луѓе во Гулаг, Сталин сакал да седи покрај топлиот оган со ладен пијалак и пенкало в рака. Се опуштал цртајќи голи мажи во прилично провокативни пози. Тоа не му било доволно, па под нив оставал и хумористични секси коментари за кои мислел дека се смешни.

Руските психолози ги анализирале неговите дела и велат дека нема докази за хомосексуалност.

1. Хитлер обожавал цртани

Сите знаеме дека Хитлер бил уметник и дека се обидел да се запише на уметност. Да го примеле, можеби работите би биле поинакви. Но, дали сте знаеле дека Хитлер ги обожавал ликовите од „Дизни“? Тој имал копија од „Снежана и седумте џуџиња“ и сметал дека е најдобриот филм на сите времиња.

И не само тоа, туку сакал и да ги црта неговите омилени ликови. Така Гебелс му подарил боенка со Мики Маус, а подоцна изјавил дека Хитлер навистина се израдувал. Eден норвешки музеј тврди дека ги има цртежите од Дизни-ликовите што ги цртал Хитлер.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот