X
 09.02.2016 Живот

Шокирачки бројки од војната во Сирија

Пет годишните интензивни борби ја уништија оваа земја и ја оставија во темнина.

 

криза


Уништувањето и очајот што ги предизвика граѓанската војна во Сирија предизвика „систематско“ уништување на инфраструктурата и населението. Војната предизвика толкава штета што од 2010 до 2015 година животниот век се намалил за неверојатни 20 години.

Само пред 5 години животниот век на дете родено во Сирија беше 75.9 години, меѓутоа оваа бројка е намалена на околу 55.7 години. Спротивно на тоа, просечниот животен век во земји како Австралија е 82.2 години.

Целосната бројка на загинати во војната е невозможно да се открие, меѓутоа хуманитарните организации и Обединетите Нации проценуваат дека станува збор за околу 270.000 луѓе - илјадници повеќе од бројот на загинати во атомските бомби над Хирошима и Нагасаки заедно.

Според организацијата за помош „Mercy Corps“, половина од населението пред војната, (што е повеќе од 11 милиони), е или убиено или принудено да ги напуштат домовите. Проценките на Обединетите Нации се дека блиску до 4 милиони Сиријци ја напуштиле земјата - тренд кој ја поттикна една од најтешките кризи што ја погодиле Европа.

Се верува дека уште 7 милиони Сиријци се внатрешно раселени поради борбите, а оние кои останаа во земјата се соочуваат со речиси невозможни околности.

Шокантни 80% од Сиријците сега се смета дека живеат во сиромаштија. Повеќе од 3 милиони ги изгубија своите работни места уште од почетокот на борбата која избувна во 2010 година.

Невработеноста се зголеми од 14.9% во 2011 година на 57.7% до крајот на 2014 година.

„30% од населението страда во бедна сиромаштија кадешто домаќинствата се борат да ги задоволат основните прехранбени потреби за одржување во живот“, вели извештајот на ОН.

Од милион раселени лица, сириските деца го носат најголемиот товар на кризата и се нарекуваат „изгубената генерација“ на оваа земја. Се проценува дека 4 милиони сириски деца не одат на училиште и немаат никакво формално образование во моментот.

„Степенот на кризата за децата расте постојано. Токму затоа постојат стравови дека Сирија губи цела една генерација на нејзината младина“, вели Питер Салама, регионален директор на Детскиот фонд на ОН.

Поголемиот дел од населението живее во темнина - штетата од војната предизвика 83% од населението да нема електрична енергија.

 

 

Фотографиите од вселената ни помагаат да го разбереме страдањето и стравот кој го доживуваат обичните Сиријци додека нивната земја ја уништуваат околу нив“, вели Д-р Кси Ли, водечкиот истражувач на проектот.


Додека емоционалниот данок од тековната граѓанска војна е невозможен да се дефинира, финансискиот трошок надминува 200 милиони долари во штета и изгубени приходи.

„Со економските и структурните загуби и уништувањето на нафтените извори, земјоделието, индустријата, трговијата, инфраструктурата и раселувањето на милиони луѓе, целосната загуба која ја претрпе Сирија надминува 200 милијарди долари“, изјави Осама Кади, шефот на сириската економска работна група.

Мировните преговори беа во застој минатата недела, кога сириската војска издвои победа на бојното поле против бунтовничките сили, а Русија вети дека ќе продолжи со своите воздушни бомбардирања во поддршка на режимот на Асад.

 

Континуираните борби ги нарушија кревките мировни разговори, на кои бунтовничките групи изјавија дека одбиваат да се приклучат се` додека сирискиот претседател Башар ал-Асад не запре со нападите врз нив. Разговорите за мир треба да продолжат на 25 февруари.


Групата за помош „Mercy Corps“ вели дека интензивните воздушни напади и борби околу Алепо предизвикаа откажување на главниот хуманитарен пат во сирискиот рад, и десетици илјади цивили избегаа на север кон границата со Турција.



Турција вети дека ќе им помогне на голем број луѓе, вклучувајќи жени и деца, меѓутоа не ги има отворено своите граници, а хуманитарните акции предупредуваат дека се соочуваат со очајна ситуација додека чекаат за помош.

 

1


„Турција го достигна капацитетот да прима бегалци. Но, овие луѓе немаат каде да одат. Или ќе умрат во бомбашките напади, или ние ќе ги отвориме нашите граници. Не сме во позиција да им кажеме да не доаѓаат. Ако им кажеме, ќе ги испратиме директно во смрт“, изјави вицепремиерот Нуман Куртулмус.

Добри вести пристигнаа минатата година кога светските лидери ветија повеќе од 10 милијарди долари за помош на училиштата, засолништата и работа за бегалците од граѓанската војна во Сирија.

 

3


Парите беа обезбедени после одржаната конференција за помош во Лондон, а според британскиот премиер Дејвид Камерон, оваа помош ќе спаси животи, ќе даде надеж, и на луѓето ќе им даде шанса за иднина.

„Ниту една меѓународна заедница не собрала толку многу пари за еден ден и за една криза“, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

„Ветувањата за долгорочно финансирање и кредити значи дека хуманитарните и развојните партнери ќе бидат во можност да работат заедно за децата повторно да се вратат на училишните клупи, да дизајнираат програми за вработување и да започнат со обновување на инфраструктурата.

 

3


Бројките

● Повеќе од 270.000 убиени
● Намален животен век за 20 години
● 4 милиони Сиријци се надворешни бегалци
● Речиси 7 милиони се раселени во внатрешноста на земјата
● 4 од 5 Сиријци живеат во сиромаштија
● Невработеноста се зголеми за речиси 60%
● 4 милиони деца немаа формално образование
● Повеќе од 80% од електричната енергија во земјата е исклучена
● Повеќе од 200 милијарди долари штета и загуба
● На 13 милиони луѓе им е потребна помош
● Најголемата криза со бегалци во светот
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот