X
 20.09.2016 Култура

Експерти од Европа ја проучуваат волшебната оргула во Србија

Одамна е познато дека Римокатоличката црква на Свети Михаил во Оџаци која датира од 1821 година, може ја има најдобрата оргула во Европа, бидејќи од звукот слушателите забораваат дали се на земја или на небо. Поради тоа група професори по музика, музичари и обожаватели на музичкиот инструмент, оргула од Германија со години секој месец август доаѓаат во Оџаци.

Свираат за себе и пријателите и уживаат во божествениот звук на својот омилен инструмент. На последната посета им се приклучија и специјалисти за реставрација и одржување на оргули.


оргула


Овој тим конечно успеал да ја дешифрира магичната привлечност на звукот на импресивната оргула, за која според музичарот Ханс Лабер, со сигурност нема подобра во Централна Европа.

“Овие оргули биле изработени од страна на познатиот архитект Каспар Фишер во Апатин во 1821 година, и тоа беа неговите последни што тој го направил и сакал да го каже својот последен мајсторски збор во ова ремек дело. Најдолгата цевка е пет метри, а најкратката пет милиметри. Тие се направени во барок стил“ - објаснил Лабер.

Тој  го открил најважниот детаљ: “Фишер во главната оргула вградил дополнителна хармонија, оргула во оргула, така што го омекнал нејзиниот звук, а со тоа се проширува опсегот на изведувачот и на романтична музика. Инсталирал различни регистри, овозможувајќи на тој начин широк спектар на тонски бои“.

Овој Германец кој има потекло од Оџаци, смета дека црквата и Оџаци имаат големо богатство што може мудро да се искористи, ако на пример овде би се собирале европските свирачи на оргули. Дека добрата музика може овде да се прими покажува фактот дека во недела после службата, црквата е полна со луѓе кои сакаат да го слушнат звукот на оргулата.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура