Мапа објавена на веб-страницата „Ворлд популејшн ривју“ покажува каде живеат најмногу пушачи. Помеѓу 10 држави со најмногу пушачи доминираат држави од Југоисточна Азија и од Балканот.
Србија се наоѓа на 6. место, Грција на 9. место, а Бугарија на 10. место на листата. Во Србија пушат 40,6 отсто од населението, во Грција 39,1, а во Бугарија 38,9 отсто.
Од другите земји во регионот, во Босна и Херцеговина пушат 38,3 отсто од населението, во Хрватска 36,6 отсто, а во Албанија 29,2 отсто. Македонија не била вклучена во анализата.
На врвот на светската листа се наоѓа Науру, каде што пушачи се 52,1 отсто од населението. Најмалку пушачи во светот има Израел, каде што пушат 25,5 отсто од населението.
Гледано по полови, Индонезија води во процент на машки пушачи. Таму 70,5 отсто од мажите пушат цигари. Кога станува збор за жените, Науру има најмногу пушачи, односно 52,6 отсто од женското население.
Извор: World Population Review
Насловна фотографија: Pixabay