X
 21.09.2016 Култура

Пијанистката која го критикуваше Сталин

Никој не ја знае точната бројка на исчезнати и мртви лица во Советскиот сојуз за време на владеењето на Сталин. Но, во тоа време постоела еден извонредна пијанистка кој ја докажала максимата : „Музиката ја има моќта да го омекне и најдивиот ѕвер“.

Родена во 1899 година, Марија Јудина студирала на Петроградската Конзерваторија, а меѓу нејзините соученици се вбројувал и големиот Шостакович. Иако во тоа време владеел атеизмот, таа била посветен христијанин, а на себе секогаш носела крст додека настапувала. Таа сметала дека преку нејзината музика таа ја изразува вербата.



За време на концертите, Марија правела паузи на кои читала книги од авторите кои тогаш биле пишани на црните листи, како „Доктор Живаго“ од Борис Пастернак. Неколку пати и било и забранувано да настапува, а и да патува надвор од земјата.

Една вечер во далечната 1944, Сталин слушал радио. Вниманието му го одвлекла мелодијата на Моцартовиот Cocerto no. 23, во изведба на Јудина. Толку многу му се допаднало што веднаш побарал копија од нејзината изведба. За жал, нејзината изведба одела во живо на радио станицата и не постоела снимка. Но, никој не се осмелувал да му рече „не“ на Сталин.

Доцна во ноќта, Јудина ја разбудиле и ја довеле повторно во студиото каде што ја пречекале диригентот и неколку членови од оркестарот за повторно да ја изведе композицијата. Диригентот бил толку исплашен што цело време правел грешки. Затоа бил заменет, но и новиот диригент не можел да го поднесе притисокот. Морале да бараат трет диригент. За целото тоа време, Јудина останала смирена. Кога веќе се разденувало, конечно композицијата била снимена и една копија била веднаш испратена на Сталин. За среќа на сите, Сталин не можел да ја препознае разликата помеѓу копијата и изведбата во живо која ја слушнал на радио.



Наскоро, Јудина ја изненадило писмо во кое имало 20 илјади рубљи, испратени по наредба на Сталин. Бестрашната пијанистка му возвратила со писмо во кое пишувало : „Ви благодарам за Вашата помош. Ќе се молам секој ден и секоја ноќ за Вас, за Бог да Ви ги прости големите гревови што ги направивте на луѓето и оваа земја. Бог е милостив и ќе Ви прости. Парите кои ми ги испративте ги дадов во црквата во која одам.“

Додека неговите соработници веќе се подготвувале за апсење на Јудина, Сталин само го оставил писмото и не изустил ни збор. По девет години, кога Сталин бил на смртна постела, ја слушал копијата од Моцартовиот концерт во изведба на Марија Јудина.

Марија Јудина живеела уште 17 години по смртта на Сталин. Починала во 1970 година. Од тогаш, нејзиниот гроб во Москва е место за поклонение.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура